Home закуска Подобро сигурно не сте пробале, фантастична идеја за појадок, сигурно ќе ви...

Подобро сигурно не сте пробале, фантастична идеја за појадок, сигурно ќе ви се допадне

Подобро сигурно не сте пробале, фантастична идеја за појадок, сигурно ќе ви се допадне. Ако ви останале неколку палачинки, не пропуштајте да го испробате и овој рецепт за појадок или вечера, ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

5-6 палачинки (солени)

За фил:

250 г свежо сирење (крем сирење)
2-3 лажици неутрална течна павлака
2 јајца
1 зелена пиперка
1 прстофат куркума (на врв од нож)

За прелив:

150-200 г кашкавал
300 мл неутрална павлака за готвење

Постапка:

1.Испечете класични палачинки, но солени (т.е.неутрални, да не преовладува шеќерот). Рецепт за палачинки прочитајте ОВДЕ.

2.Сирењето измешајте го со течната павлака (неутрална, за тестенини) и јајца, па зачинете со малку сол.

3.Пиперката исечкајте ја на мали коцкички.

4.Палачинките премачкајте ги со приготвениот фил.

5.Свиткајте ги како ролнички и наредете ги во соодветен сад за печење. Сето одозгора наросете го со рендан кашкавал и прелијте го со течна павлака.

6.Ставете во загреана рерна на 200 степени и печете 40-45 минути, односно додека површината да добие убава румена боја. Печењето прилагодете го според вашиот шпорет.

7.Послужете како самостоен оброк за ручек или вечера или послужете со печено месо како прилог.