Највкусната пита со готови кори: Брз рецепт што мириса на домашна кујна
Пита со готови кори и сирење: Крцкава однадвор, воздушеста однатре – рецепт што сите го бараат
Ако барате рецепт за домашна пита што се подготвува брзо, а изгледа како да сте поминале часови во кујна – ова е вистинскиот избор.
Оваа рол-пита со сирење е неверојатно мека и воздушеста однатре, додека однадвор добива совршено крцкава кора.
Посебниот вкус доаѓа од комбинацијата на сирење, јогурт и малку палента, која ѝ дава нежна текстура и прекрасна арома.
Одлична е за појадок, вечера, семејни собири или како идеја за практичен домашен оброк со минимални трошоци и максимален вкус, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки
За питата:
* 500 г готови кори за пита
За преливот:
* 5 јајца
* 120 мл масло
* 250 мл јогурт
* 14 г прашок за печиво
* 3 лажици палента или пченкарно брашно
* сол по вкус
За филот:
* 400 г сирење
* малку сол (ако сирењето не е солено)


Постапка
Во подлабок сад изматете ги јајцата со жица или миксер додека да станат пенести и воздушести. Додајте малку сол, па сипете ги маслото и јогуртот.
Потоа додајте ја палентата и прашокот за печиво, па измешајте додека да добиете изедначен прелив.
Во посебен сад издробете го сирењето. Ако е потребно, додајте малку сол.
Земете една кора и премачкајте ја со малку од преливот. Преклопете ја во форма на триаголник, повторно нанесете малку прелив, па ставете сирење на почетокот од кората.
Преклопете ги страните навнатре и внимателно свиткајте ролна. Постапката повторете ја со останатите кори.
Редете ги ролните во намрсен плех. Одозгора рамномерно распоредете го преостанатиот прелив.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 15–20 минути, додека питата убаво да зарумени.
Оставете кратко да се излади, па сечете на коцки или послужете ја така што лесно ќе ги раздвојувате ролните.
Совети за уште повкусна пита
* За побогат вкус можете да додајте ситно сечкан спанаќ, праз или урда.
* Одозгора може да наросите сусам или ленено семе.
* Највкусна е топла, со чаша јогурт или кисело млеко.
* Одличен избор за економични семејни оброци и паметно планирање на неделното мени.
* Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:





































