Редовното консумирање на пченка е многу полезно за организмот на човекот. Доколку редовно консумирате пченка тоа е доволно за да ги внесете сите потребни витамини за телото.

Жито културата го штити срцето и организмот од различни болести.
Едно од нив е дијабетесот. Луѓето кои јадат пченка секој ден, му обезбедуваат на нивниот организам 22% повеќе влакна, кои се задолжителни при здравата исхрана.

Пченката е богата со јаглени хидрати, магнезиум, фолна киселина, протеини и многу други важни хранливи материи. Пченката е еден од најпопуларните зеленчуци во светот.

Може да се јаде во било каква форма – во салати, како главно јадење, за појадок, печена. Содржи многу малку масти и сложени јаглехидрати во себе.

Пченката датира од пред 9000 години . Таа била важен аспект во цивилизацијата на Ацтеките во Централна Америка.

Придобивките за здравјето од консумирањето на пченката се огромни. Ова растение е фантастичен извор и на растворливи и на нерастворливи влакна. Пченката е богата и со фолна киселина, како и со витамин В.

Витаминот Б12 и фолната киселина во пченката ја спречуваат појавата на анемија предизвикана од дефицит на железо.

Пченката го прочистува дигестивниот систем, а се препорачува и при запек и појава на хемороиди. Пченка е добар извор на тиамин (витамин Б1), кој е дел од процесот на трансформирање на храната во енергија во телото.

Утврдено е дека пченката е богата со каротеноиди, а според специјалисти токму  каротеноидите играат важна улога при намалувањети на ризикот од рак на белите дробови.

Инаку, кај нас е познат чајот од пченкарната коса, тој помога при разни заболувања. Овој чај има смирувачки, антибактериски и диуретични својства.

Помага при проблеми со бубрезите, воспаление на мочните канали и мочниот меур и штити од реума.
Исто така го спречува ноќното мокрење кај децата. И што е најважно ги отстранува подкожните масти и помага при губењето на вишокот килограми, односно дава чувство на ситост и го намалува чувството за глад.

Пченката е на прво место во топ 5 еденски намирници!

ПЧЕНКА

Пченката е идеална закуска, нискокалорична житарка богата со влакна и идеална сопатничка на секое јадење. Свежата пченка варена или печена, секогаш е поприфатлива од конзервираната која може да се купи во текот на целата година, а во која обично се додава и шеќер.

ЗЕЛКА

Свежата зелка изрендана за салата е одличен извор на влакна и витамин Ц. Содржи и корисни сулфурни соединенија, а високата количина на калиум делува поволно при болестите како што се гихт и реума.

КРУША

Крушата меѓу овошјето е она што е тиквата меѓу зеленчукот: симбол на есенска жетва. Крушата е една од најбогатите овошки со влакна, па според тоа претставува потпора за здрава крвна слика и здрави црева.

Покрај тоа, спаѓа во храната која најретко предизвикува алергиски реакции, па затоа се препорачува како прв овошен оброк кај доенчињата.

ДОМАТ

Доматот е карактиристичен за есента. Иако неговата кора содржи многу заштитни соединенија, и неговото месо е богато со влакна со што поволно делува за намалување на високиот холестерол во крвта.

Калимот и манганот го прават одличен за одржување на електролитната рамнотежа, а одредени состојки типични за доматот, делуваат антивоспалително и антимикробно.

ПРАЗ

Празот спаѓа во истата група билки како кромидот и лукот, кои исто така доспеваат во септември. Нивното главно својство е да влијаат врз снижувањето на лошиот холестерол, истовремено подигајќи го нивото на добриот.