Никој не го одбива овој фантастичен намаз. Рецептот за домашен еурокрем е доста едноставен, а добивате речиси 1,5 кг од ова слатко задоволство. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

1 литар млеко,
200 г квалитетен путер,
6 лажици брашно,
6 лажици какао во прав,
200 г шеќер во прав,
1 јајце и
200 г лешници

Постапка:

Лешниците сомелете ги или исечкајте ги во блендер. Но, колку поситно ги сомелете, толку е подобро. Измешјате ги какаото, брашното и шеќерот во прав. Во оваа смеса додајте половина литар млеко и јајце, па добро промешајте за да се изедначи.

Втората половина од млекото ставете ја на оган да зоврие. Потргнете го малку млекото и со постојано мешање додајте ја претходната смеса. Сипете го и лешникот. Вратете на тивок оган и со постојано мешање варете додека да се згусне.

Згуснатиот крем тргнете го од оган, па додајте го во него путерот и промешајте за да се растопи и да се соедини. Кремот оставете го да излади целосно, а потоа убаво измиксајте го со миксер. Оставете го во фрижидер да преноќи.

Домашната Нутела се чува во фрижидер, во стаклена тегла до 1 месец. Уживајте во овој превкусен крем и не заборавајте да го споделите со вашите пријатели.

Коментар на Валентина Петкова Николовска:

„Мојот рецепт за крем е следниот: ладно цедено ленено масло, какао, мелени лешници, мед, за вкус екстракт од ванила, многу малку растително масло…сè се меша. Соодносот е по вкус. И навистина е многу вкусно, но малку скапо.”