Оваа пита со пиво беше хит на мојата посна слава…Сите ја пофалија и рекоа дека повкусна не пробале досега…
Оваа посна пита со пиво е неодоливо вкусна, брзо се приготвува и може веднаш да се послужи, а останува вкусна и мека дури и за следниот ден, ако воопшто остане.
Пред печењето се сече на коцки за да може убаво да го впие преливот од пиво. Убаво нараснува и се разлистува како да е приготвена од домашни кори.
Кога ја послужив за мојата посна слава првото прашање од моите гости беше: „Па зар не правите посна слава? Зошто имате пита со месо?“
Оттогаш редовно ја приготвувам и тоа во двојна или тројна количина, зошто секогаш целата се изедува, колку и да направам. Рецепт на Маја78:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г кори за пита (кога се многу тенки не ги искористувам сите),
2 главици кромид,
2-3 компири,
80 г соини лушпички-трошки,
400-500 г шампињони (најдобро е да се свежи, а не маринирани, поради неутралниот вкус).
ЗА ПРЕЛИВ:
100 мл масло,
250 мл пиво.
За посипување: малку сусам и малку рендан посен кашкавал – по избор
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:
Оваа пита со пиво беше хит на мојата посна слава, сите сакаа уште по едно парче и побараа рецепт
Можете да прочитате уште еден рецепт за пита со пиво од Валентина Машковиќ – ОВДЕ:
ПОСНА ПИТА СО ПИВО: Рецептот го добив од еден етно ресторан, ова јадење на маж ми му е број еден
А, видеото можете да го погледнете ОВДЕ:
https://youtu.be/-AGiwhB0gi8?si=f_gMNDnnAaZffZNv