Оваа посна пита со пиво е неодоливо вкусна, брзо се приготвува и може веднаш да се послужи, а останува вкусна и мека дури и за следниот ден, ако воопшто остане. Пред печењето се сече на коцки за да може убаво да го впие преливот од пиво. Убаво нараснува и се разлистува како да е приготвена од домашни кори.




Кога ја послужив за мојата посна слава првото прашање од моите гости беше: „Па зар не правите посна слава? Зошто имате пита со месо?“ Оттогаш редовно ја приготвувам и тоа во двојна или тројна количина, зошто секогаш целата се изедува, колку и да направам. Рецепт на Маја78:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита (кога се многу тенки не ги искористувам сите), 2 главици кромид, 2-3 компири, 80 г соини лушички, 400-500 г шампињони (најдобро е да се свежи, а не маринирани, поради неутралниот вкус). ЗА ПРЕЛИВ: 100 мл масло, 250 мл пиво. За наросување: малку сусам и малку рендан посен кашкавал – по избор




ПОСТАПКА: Најпрво подгответе ги соините трошки/снегулки кои мора да ги потопите во топла вода за да хидрираат и набубрат – 15-тина минути. Потоа треба да ги процедите и убаво да ги истискате со рака.




Кромидот излупете го и исечете го на ситни коцкички за да може полесно да се растопи при донстањето. Компирот измијте го, излупете го, па изрендајте го. Исплакнете го во ладна вода и исцедете го, па додајте го во кромидот.




Во тава со малку масло загреано на умерена температура пропржете го кромидот, па додајте го ренданиот (на крупната страна од рендето) компир, па откако ќе ги промешате и соединете, додајте ја и исцедената соја.




Кратко пропжете, па додајте ги ситно сечканите печурки. Динстајте на умерена температура додека да избие нивниот сок и почне да испарува. Кога добро ќе се зготви, тавата тргнете ја настрана и започнете со филување на питата.




Отворете ги корите и пребројте ги доколку сакате да виткате ролати, а доколку ја правите „редена“, тогаш едноставно намастете го плехот и започнете со редење: Врз секоја кора распоредете рамномерно од филот, поклопете со нова кора и повторете ја постапката. Врз последната кора не ставате фил.




Оставете ја 5 минути, а потоа питата пресечете ја на коцки со големина по ваша желба, па залијте ја со преливот од пиво и масло. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-30-тина минути, во зависност од рерната.




Некаде на средина од печењето извадете ја питата од рерна и наросете ја со сусам и рендан посен кашкавал, па вратете ја да се допече. Кога е готова (внимавајте да не ја препечете), оставете ја малку да подизлади, па повторно исечете ја според претходните засеци и послужете ја. / Маја78 / фото Нада-023