ОВА Е ТАЈНАТА ЗА ДОБРА ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА: Мека како памук…Сочувајте го овој рецепт некаде, па ако ви треба брза вечера, подгответе ја оваа миризлива и мека погача.

Заситна е, многу е вкусна, неодоливо мириса и може со сè да се комбинира. Еве што ви е потребно според рецептот на Ивана:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г пченкарно брашно
500 г бело брашно
20 мл масло
1 лажица путер или маргарин
2 лажички сол
40 г квасец (1 коцка свеж)
400 мл млака вода
1 лажичка шеќер

За премачкување:
1 лажица путер или маргарин,
сол, сусам…за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

Во млака вода растворете ги квасецот и шеќерот, па додајте ги маслото, една лажица омекнат путер/маргарин и на крај пченкарното брашно.

Потоа додавајте 350 г бело брашно, 2 лажички сол и замесете меко, мазно тесто. Измешајте со лажица додека сето брашно да се впие и да се фотмира ретко, но компкатно тесто, па потоа постепено додајте го остатокот од брашното.

Не претерувајте со брашното, зашто тестото треба да остане меко. Оставете го тестото покриено да ферментира 15-тина минути на топло, па префрлете го во тепсијата каде ќе се пече.

Тепсијата или плехот малку намастете ја или обложете ја со хартија за печење. Стасаното тесто посипете го со малку брашно за да не ви лепи на раце. Малку премесете го и сипете го врз хартијата во плехот.

Нежно со прстите развлечете го за да добие облик на диск и направете површински засеци. Премачкајте го одозгора со омекнат маргарин, па посипете крупна сол и сусам, по желба.

Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути или додека да зарумени и добие убава златна боја. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.