Ова е македонскиот колач кој цел Балкан го споделува – проверете зошто!

Македонскиот колач е толку добар што додека го печете целата куќа ви мириса прекрасно, а за вкусот нема потреба да се коментира – пробајте го и уверете се сами…

Потребни состојки:

5 шолји газирана вода
5 шолји брашно
3 шолји масло
3 шолји пченичен гриз
1 лажичка цимет
100 г сечкано суво грозје
100 г сечкани ореви
1 прашок за печиво

за сируп:

250 г шеќер
1 ванилин шеќер
250 мл вода
за наросување: 50 г сечкани ореви, по желба
1 шолја = 150 мл

Постапка:

Просејте 5 шолји брашно со еден прашок за печиво и една лажичка цимет. Додадете три шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето убаво измешајте го во вангла.

Во средината од сувите состојки направете вдлабнатина па излејте 5 шолји газирана вода и три шолји масло. Сето убаво промешајте го за да се изедначи смесата.

Може да користите и миксер, а можете и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот со димензии 25х35 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата.

Одозгора врз тестото можете да наросите и 50 г сечкани ореви. Печете 35-40 минути. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот, извадете го плехот и оставете го колачот да излади.

Во меѓувреме направете го сирупот: сварете 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3-4 минути и со врел сируп прелијте го изладениот колач.

Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп.

Сечете на коцки, штангли, тријаголници… а може и директно да се јаде од плех… за нестрпливите.

Можете да ставите и прелив со чоколадо и така колачот е уште повкусен! Во тој случај тестото не се наросува со сечкани ореви пред печењето. Глазура се прави од 100 г темно чоколадо, 50 г путер, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица масло – сето добро се соединува на тивок оган и се прелива преку колачот.

Одлично се сече, чоколадото не се двои од кората без разлика што претходно била прлиена со сируп.

Претходна статијаКако да се испече риба без коски? Многу едноставно!
Следна статијаЕдноминутно истегнување за убав грб, исправен и без болки!