Како да се испече риба без коски? Многу едноставно!

Никој од нас не ги сака ситните коски од печена риба.

Па уште ако станува збор за мали деца, тогаш нивното чистење навистина е макотрпно!

Потребно е секое мало парче да се прегледа внимателно и да се исчисти од коски.

Па како да се испече риба без коски? Многу едноставно! Искористете го овој мал но многу корисен совет.

Овој рецепт е погоден за приготвување на различни видови риба со ситни коски.

Еве што треба да направите:

Рибата исчистете ја и извадете ги внатрешните органи.

Потоа со остар нож внимателно направете бројни засеци од едната и другата страна, без сечење на главната коска.

Во внатрешноста на рибата ставете исечени тркалца од црвен кромид и ловоров лист.

Извалкајте ја рибата во брашно и пржете ја на умерен оган додека да добие убава златна боја.

Ова е многу вкусно! А каде се ситните коски?

Тие се испржени и омекнати во врелото масло. Затоа, кога ќе ги јадете, нема да ги забележите и почувствувате. Пробајте!

ВАШИ КОМЕНТАРИ

Коментар на Диме Попов: “NMD.mk przenjeto na riba na vakov nacin ne samo sto gi unistuva site sitni koski tuku gi unistuva i site vitamini sto gi sodrzi taa najzdravo e da se przi ribata so cela kozinka dokolku e presecena napola se przi 80% od stranata na kozata 20% od kaj mesoto vo vasiot recept e najslatka no ne i najzdrava”