Ослободете се од зависноста за благо, исфрлете ги паразитите и вишокот килограми!

Често страдате за благо? За жал, повеќето луѓе, не само децата, стануваат зависни од слатко. Ако некогаш сте се запрашале зошто, ќе ви одговориме: постојат две главни причини за оваа зависност, а ќе ги прочитате веднаш после рецептот.

Потребни состојки:

100 г ленено семе (10 дела)

10 г каранфилче (1 дел)

Постапка:

Лененото семе и каранфилчето се многу ефикасни чистачи. Потребно е да се земат 10 дела ленено семе и 1 дел цветови каранфилче. Количините погоре дадени се како пример. Вие можете да приготвувате и помали дози. Сето заедно сомелете го во прав.

Имајте во предвид дека лененото семе е најдобро да се консумира веднаш после мелењето, зошто колку подолго стои на воздух, тоа оксидира. Смелената количина чувајте ја во стаклена тегла обвиткана со алу-фолија, добро затворена, во фрижидер, најдоцна до три дена.

Се сема секој ден по 2 рамни супени лажици, во текот на три дена. Правот можете да го додавате и во готвена храна, во јогурт, или едноставно да го изедете и после тоа да испиете чаша топла вода.

После тридневното консумирање на оваа смеса, направете пауза од три дена. Потоа повторете ја постапката. Оваа смеса треба да се консумира еден месец.

За подобрување на резултатите се препорачува да се пие и одвар/чај од ленено семе на празен желудник: одвечер ставете 3 лажици ленено семе и прелијте ги со 1 литар зовриена вода. Следниот ден процедете и пијте ја слузавата течност во текот на денот, на неколку наврати по 150-200 мл.

Еве ги причините зошто се дебелеете и зошто постојано имате потреба за благо:

Една од причините се можни паразити во вашиот организам. Втората причина е стресот. За да го намалите стресот потребно е да ги елиминирате причините кои доведуваат до стрес, поминување подолго време во мирна, чиста и средена просторија, долги прошетки на чист воздух, физичка активност, спа центар, бања, медитација, контрола на дишењето….

Но, кога станува збор за паразитите, треба да делувате брзо и агресивно. Кога човекот јаде многу благо, слатки, колачи, чоколади… тој во својот организам создава услови за акумулација на слуз. На оваа слуз започнува размножувањето на габичките и бактериите.

Според статистичките податоци, третина од популацијата патат од паразити. Обично, човекот не е ни свесен за нивното присуство во телото.

Паразитите кои живеат во нашиот организам ни ја одземаат енергијата, ни предизвикуваат главоболки, поради нив и нивните токсини се чувствуваме уморно и депресивно… За да ја надокнадиме енергијата, механизмот во организмот се вклучува и ние несвесно посегнуваме по благо, ни се пријадува слатко, зошто токму глукозата која се содржи во слатките, дава брзо енергетско надополнување.

Всушност, ние тој внесен шеќер не го трошиме, го оптеретуваме панкреасот поради наглото скокање на инсулин и дополнително го оптеретуваме организмот за да ги конвертира шеќерите во резервни масти. Генерално, колку имаме поголемо сало, толку повеќе имаме паразити.

Ако се ослободите од паразитите, вашата тежина се нормализира и престанува чезнеењето за благо. Па кога еднаш паразитите ќе престанат да ви ја црпат енергијата, ќе исчезне поспаноста, заморот, главоболката, изнемоштеноста, ќе се нормализира метаболизмот и уште повеќе од тоа. Уверете се сами!

Лекувањето или превенцијата од паразити потребно е да се спроведува двапати годишно, а најефикасните методи за чистење на организмот се народните.