Фотографија и рецепт на Ксенија Вељковиќ. Обландата би требало да се приготви еден ден претходно за да има време да се стегне, но и самите кекси да омекнат, бидејќи не се натопуваат во ништо. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 2 листа обланди, 300 мл млеко, 400 г шеќер, 100 г чоколадо за готвење, 250 г путер или маргарин, 700 г мелени бисквити плазма (или 400 г мелени бисквити + 200-300 г мелени ореви), 2 портокали – рендана кора и сок и 300 г Јафа кекси

Постапка: 1.Во соодветен сад сварете го млекото со шеќер, чоколадо и путер. Оставете да излади. 2.Во чоколадниот фил додајте рендана кора од портокал и исцеден сок. Промешајте, па додадете ги мелените бисквити.

3.Еден лист од обланда поставете го така што големите дупчиња да бидат одозгора. Се премачкува обландата со половина од филот. 4.Врз филот се редат ресаните (јафа кексите), па се премачкува и втортата половина од филот. Поклопете со вториот лист обланда.

5.Врз обландите ставете кујнска крпа и нешто тешко за да се стегне. 6.Оставете преку ноќ да се стегне обландата, а потоа сечете на штангли.

Фотографија и рецепт на Ксенија Вељковиќ