Нобеловката откри што треба да се направи за никогаш да не добиеме рак, срцев и мозочен удар или Алцхајмер

Д-р Елизабет Блекбурн во 2009 година доби Нобелова награда за ова откритие. Лошото здравје не е само наследен проблем или несреќен сплет на околности.

Еве го мислењето на д-р Блекбурн, добитничка на Нобелова награда за медицина, за тоа што ги предизвикува најстрашните болести и како да се спречат истите.

За почеток, експертите велат дека за прерана смрт виновник е генетскиот фактор во 10-20% од случаите. А што е со 80-90% од случаите?

Loading...

“Тоа е вашата исхрана и начинот на живеење! Типичниот начин на исхрана на еден модерен човек е всушност главниот виновник за предвремена смрт и хронични болести. Со други зборови, долг и здрав живот се работа на личен избор” – вели д-р Блекбурн.

Што одбираме за јадење секојдневно?

Кога секој од нас ќе размисли подобро, одговорот нема да биде најповолен. Дали пушите? Дали спортувате? Дали престанувате да јадете кога еднаш ќе се почувствувате сити или продолжувате да јадете додека сè да изедете?

Тоа се само некои од прашањата кои ги поставува д-р Блекбурн и порачува дека следните правила се клуч за долг и здрав живот:

-престанете да пушете

-не се прејадувајте

-барем половина час дневно спортувајте (тука спаѓа и пешачење)

-јадете здраво (повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарици, а помалку месо).

Доколку ги следите овие правила, д-р Елизабет смета дека сте го намалиле ризикот од развој на дијабетес за 90%, а ризикот од срцев удар 80%.

Исто така, ваквиот стил на живеење го намалува ризикот од мозочен удар за 50% и ризикот од развој на канцер за 33%.

ОТКРИТИЕ ВРЕДНО ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА

“Во секоја клетка се наоѓаат 46 хромозоми. На врвот од секој се наоѓа мала “капа” која се нарекува теломер. Секојпат кога клетката ќе се подели, мал дел од оваа капичка исчезнува.

Кога теломерите целосно ќе исчезнат, клетката умира.” – објаснува д-р Блекбурн, која за ова откритие во 2009 година заедно со својот тим доби Нобелова награда за медицина.

Имено, тие во текот на студијата долга 5 години откриле дека три месечна исхрана базирана на билки (веганска исхрана) во комбинација со физичка активност, може значително да го зголеми бројот на теломерите.

Исто така, истражувањето покажало дека бројот на теломери кај оние кои не го промениле драстично својот живот, сосем очекувано опаѓа со текот на стареењето.

Од кои болести луѓето најчесто умираат во модерното време?

-срцеви болести

-Алцхајмерова болест

-мозочен удар

-рак на бели дробови

Истражувањата покажуваат дека промената на начинот на исхрана во оној кој го препорачува докторката, драстично го намалува ризикот од наведените болести. Па дури, и кога малку ќе промени исхраната, како намален внес на месо, а зголемен внес на зеленчук и овошје, доведува до значајни позитивни резултати.

Препорака на д-р Елизабет Блекбурн за исхрана

Што треба да јадеме секојдневно ако сакаме долг живот без болести?

-Зелки (брокула, зелка, карфиол, прокељ, ротквици, репки)

-Зелен лиснат зеленчук (зелена салата, спанаќ, зелје, блитва, коприва)

-сезонски и останат зеленчук (аспарагус, цвекло, пиперка, морков, пченка, тиквички, лук, печурки, кромид, тиква, грашок, компир, домат)

-мешунки и нивни производи (грав, соја, леблебија, леќа, тофу, хумус)

-бобинки (грозје, боровинки, вишни, малини)

-овошје (јаболка, кајсии, авокадо, банани, дињи, мандарини, смокви, цитрон, киви, лимон, лимета, манго, портокали, праски, круши, ананас, сливи, калинка)

-семки (ленено семе, секој ден по една лажица)

-јаткасти плодови (бадеми, кикирики, ореви)

-зачини (куркума, секој ден по четвртина лажичка)

-интегрални житарици

-вода (минимум 5 големи чаши (340 мл) дневно).

Со ваква исхрана воведете барем половина час умерена физичка активност секој ден. Многу брзо ќе забележите огромни позитивни резултати.

Loading...