Ако ги сакате рецептите на нашите баби и нивниот начин на приготвување на вкусни пити, тогаш сте на вистинското место. Тестото за оваа пита речиси и да не се меси со рака, а од него се развлекуваат само три кори.
Но, наместо да правите класично лиснато тесто, корите директно ги филувате и истовремено ги диплите, а крајниот резултат е пита која се разлистува на многу корички.
Вкусна е, мека, воопшто не е масна и одлична е за вечера. Се приготвува од состојки кои сите ги имаме дома. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл): 1 чаша топло млеко (200 мл), 1 чаша топла вода (200 мл), 1 кесичка сув квасец (10 г), 1 лажичка шеќер (10 г), 600 г брашно, 1 лажичка сол (8 г).
ЗА ФИЛ: 200 г сирење, 100 г путер, 100 мл растително масло. За премачкување: 1 жолчка
ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете по една чаша топла вода и млеко, па додајте го сувиот квасец и шеќер, па промешајте додека да се растворат. Потоа додајте го брашното, но најдобро е да го додавате постепено.
Сипете ја солта и мешајте со лажица или шпатула, додека да формира компактно тесто и да почне да се одвојува од ѕидовите на садот.
Покријте го садот со проѕирна стреч фолија и оставете го да ферментира половина час во топла просторија или колку што е потребно додека да го удвои волуменот.
Потоа тестото истресете го на малку набрашнета работна површина, премесете го со диплење со помош на шпатулата и обликувајте валјак.
Тестото поделете го на три приближно еднакви делови, а од секој дел формирајте топче.
Топчињата оставете ги да одморат 10-тина минути, па секое развлечете го во голема и тенка кора со наросување на малку брашно за да не се лепи. Во меѓувреме сирењето иситнете го, а путерот растопете го и помешајте го со маслото.
Првата кора премачкјате ја со мешавината од растопен путер и масло и наросете третина од сирењето.
Одозгора преклопете ја со втората кора и повторете ја постапката: премачкјате ја со растопен путер и наросете третина ситно сирење. Истата постапка повторете ја и со третата кора.
Потоа започнете со диплењето: на горната кора преклопете ги десната и левата страна кон средината, па одозгора премачкјате ги со маснотија.
Потоа преклопете ја горната страна, премачкјате ја, а потоа и долната страна, која исто така треба да се премачка. На овој начин ќе добиете правоаголник кој „лежи“ врз две кори.
Истата постапка повторете ја и со втората кора: преклопете ја едната страна врз квадарот/правоаголникот, премачкјате, па преклопете ја другата страна, премачкјате, па долната и горната страна, исто така премачкувајќи ја секоја посебно.
На крај повторно ќе добиете спакуван правоаголник од две кори кој „лежи“ врз последната, трета кора.
Постапката повторете ја и со третата кора, а на крај, добиениот правоаголник префрлете го врз плехот обложен со хартија.
Покријте ја питата и оставете ја да одмори 10-15-тина одмори. Потоа со помош на дланките нежно притискајте ја одозгора за да ја развлечете до краевите на плехот.
Премачкјате ја со разматена жолчка во која сте додале неколку капки масло или млеко, а потоа со виљушка загребете по површината правејќи дијаголни линии (ако сакате да биде декоративна, со шари, но не е потребно).
Рерната загрејте ја на 180 степени, па ставете ја питата да се пече 20-25 минути или додека да зарумени. Печената пита покријте ја со крпа неколку минути, па сечете ја и послужете ја. Деталите погледнете ги ОВДЕ.