Научниците веруваат дека конечно го пронајдоа лекот за рак на бели дробови

Ракот на бели дробови е еден од најчестите во светот, а во САД минатата година усмрти речиси четвртина заболени од оваа болест. Лекувањето може да се подобри со новото научно откритие кое покажува голема успешност во комбинирање на два, досега веќе познати лекови.

Комбинацијата од лекови, од кои едниот е наменет за „напад“ на целен рецептор на епидермалниот фактор на раст (EGFR), а другиот фактор на туморска некроза (TNF) – делотворно го блокира ракот.

Истражувањата покажале дека во моментот на блокада на TNF, туморските клетки стануваат пречувствителни на третманот EGFR, пишува Science daily.

Loading...

-Последните години се вложува дополнителен напор во обид за блокирање на EGFR како дел од лекувањето на рак на бели дробови, но терапијата се покажала делотворна само на мал број пациенти. Туморските клетки го возвраќаат ударот преку заобиколен пат – вели авторот д-р Амин Хабиб, професор по неврологија од Универзитетот Southwestern.

-Блокирањето на овие протеини може да биде третман кој ќе им помогне на повеќето пациенти кои боледуваат од рак на бели дробови – нагласува Хабиб. Карциномот на бели дробови на големи клетки – NSCLC тип на рак за кој комбинацијата на инхибитори EGFR / TNF би била делотворна, опфаќа околу 85% од сите типови карциноми на бели дробови. Уште една предност на оваа стратегија на лекување е во тоа што пациентите добро ја поднесуваат оваа терапија. И EGFR и TNF инхибиторите дел се од категорија на лекови кои можат да влијаат врз специфичните молекули во туморските клетки па затоа немаат толку многу нус појави.

Традиционалните лекови кои се користат во лекувањето на хемотерапија имаат широки ефекти, но ги убиваат и здравите клетки заедно со клетките на туморот, па така доаѓа до низа непријатни нуспојави. Досега инхибиторите EGFR се покажале делотворни во лекувањето на 10-15 % карцином на бели дробови со немали клетки кои имаат варијанта на EGFR . Комбинацијата од двата лека може потенцијално да функционира за сите карциноми на бели дробови, објаснува д-р Џон Мина, директор на Хамоновиот центар за тераписка онкологија и професор по интерна медицина и фармакологија.

-Ова откритие би можело драматично да го промени начинот на кој го третираме ракот на бели дробови – нагласува д-р Мина.

Последните откритија се надоврзуваат на претходните истражувања кои покажаа дека слични комбинации на лекови се покажале како успешни во лекувањето, особено на смртоносниот рак на мозок, глиобластом.

-Ако оваа стратегија се покаже како делотворна, нејзината примена би можела да биде и многу поширока, не само против рак на бели дробови, туку и против други тумори со EGFR, помеѓу останатите и тумор на мозокот, на дебело црево, врат и глава – изјавил д-р Гербер, вонреден професор по интерна медицина. Истражувачите сега планираат и друга фаза клинички испитувања со комбинацијата од овие два лека, кои Американската агенција за храна и лекови веќе ги одобрила, па се надеваат дека клиничките истражувања ќе се започнат во текот на следната година.

Loading...