Овие компирови топчиња станаа хит – одат како прилог а може и како главно јадење.
Кога компирот во вид на пире или помфрит ќе ви здодее, еве една многу интересна идеја, во комбинација со многу сусам…. превкусно!
Потребни состојки:
500 г компир
200 г брашно
45-50 г путер/маргарин
50 мл вода
Сол и сув зачин по вкус (вегета)
150 г кашкавал
200 г сусам
Масло за пржење
Постапка:
Излупен компирот исечете го на коцки и сварете го во вода во која сте додале малку сол, а потоа исцедете го и испасирајте го во пире.
Додека е топол компирот додадете вегета и путер. Кога смесата малку ќе подизлади, измешајте брашно разматено со малку од водата во која се варел компирот и замесете тесто.
Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на набрашнета површина формирајте ваљаци, па сечете ги на парчиња од кои ќе формирате топчиња со величина по ваша желба.
На секое парче ставете коцкичка кашкавал и со помош на дланките обликувајте топче, внимавајќи кашкавалот убаво да биде покриен, за да не истекува при пржењето.
Крокетите валкајте ги обилно во сусам и пржете ги во длабоко масло. Пржените крокети вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот масло.