Ова јадење е испробано, предобро е, едноставно а модерно, редовно го приготвуваме и доста е заситно. Што е најважно – го сакаат и децата!

Потребни состојки: 4 модри патлиџани со средна величина, 1 главица црвен кромид, 400 г мелено месо, 2 јајца – за похување, масло или маст по потреба, 1-2 домати, 1 свежа пиперка – бабура, 1 лажица кечап, остро брашно + презла за похување, сол, црн пипер, магдонос

За прелив: 2 јајца, 200 мл млеко или кисела павлака, 100 г кашкавал, ленено семе, сусам или по избор. Постапка: Излупете ги модрите патлиџани, исечете ги по должина или на тркалца, како ви е поубаво, а парчињата да имаат дебелина од 0,5 см. Посолете ги и оставете ги да јго испуштат сокот.

На малку масло испржете го ситно исечканиот кромид и пиперката, додадете го меленото месо, доматот исечкан на коцки, а на крај кечапот. Зачинете по вкус со сол и црн пипер, па додадете и магдонос.

Исечените патлиџани исцедете ги со притискање меѓу дланките, валкајте ги во остро брашно, па во разматени јајца, па во лебни трошки. Пржете ги во умерено загреано масло додека да добијат убава румена боја. Вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Доколку сакате можете вака похувани да ги испечете и во рерна.

Во огноотпорен сад или тепсија, наредете прво еден слој патлиџани, па ред смеса со месо и по истиот редослед продолжете додека да ви се потрошат состојките (јас редам 3 реда патлиџан и 2 реда месо, горниот ред мора да бидат патлиџани).

Јајцата разматете ги со млеко или павлака, па прелијте ја рамномерно мусаката. Одозгора наросете рендан кашкавал и семки по ваш избор. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Coolinarika.com