МРЗЛИВ ПОЈАДОК ОД 3 СОСТОЈКИ: лесен рецепт со шунка, кашкавал и готови кори. Рецепт на Домашната Кујна на Дани. Многу вкусно лиснато печиво кое е готово за 20 минути. Ваков брз и вкусен појадок не сте јаделе одамна.




Во овој рецепт е прикажано подготовка на едно печиво, но вие според потребите ја прилагодувате количината на состојките. Филот се приготвува по сопствен вкус, ставате сè што сакате и колку што сакате. Може да се приготвува во солена или слатка варијанта..




За секое печиво ви е потребна една лисната кора (готово лиснато тесто), а излегува доста големо што може двајца да најаде. Овој рецепт потсетува на мексиканскиот специјалитет – кесадија кој се подготвува многу слично.




За едно печиво ќе ви бидат потребни следниве состојки: 250 г лисната кора, шунка, кашкавал.., 1 јајце за премачкување. Количината на шунка и кашкавал ја одредувате вие, а по избор може да ставите и сирење, павлака, мајонез, кисели краставички..




Постапка: Ставете ја лисната кора на хартија за печење (ако тестото е дебело, дополнително развлечете го малку со оклагија. На средина започнете да редите кашкавал, па шунка и сè така додека да ја исполните целата кора по должина. Потоа земете еден н ож и сечете од страните по косина (како што е прикажано на видеото).




Ова сечење се прави за печивото да изгледа декоративно и поубаво да се испече одвнатре бидејќи има отвори. Потоа, започнете да го испреплетувате тестото како плетенка. Тестото сосе хартијата за печење префрлете го во плех.




Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени и одозгора премачкајте го целото тесто со 1 разматено јајце. Ставете да се пече околу 15-20 минути додека да зарумени. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Прочитајте го и следниот рецепт кој исто така се подготвува многу брзо: Највкусните кои сте ги јаделе досега – полнети пржени лепчиња. Пржени лепчиња досега сте јаделе многупати, но дали сте пробале полнети пржени лепчиња? Направете ги за појадок или вечера – ќе бидете воодушевени!




Потребни состојки: 12 парчиња стар леб, 6 тенки парчиња кашкавал, 6 тенки парчиња шунка, 3 црвени пиперки, 4 јајца, 50 мл млеко, ½ лажичка сол.




Постапка: Лебот исечете го на тенки парчиња. Одвојте по две парчиња лепчиња, помеѓу ставете лист шунка и кашкавал. По вкус можете да ставите и сечкана печена или свежа црвена пиперка или домат.




Изматете ги јајцата и додајте млеко. Посолете. Маслото добро загрејте го. Во приготвената смеса натопете ја прво едната па другата страна од лебот, па пржете во врелото масло. Испржените лепчиња (од двете страни) послужете ги топли.