Од оваа билка се прави најдобриот мевлем за кожни заболувања. веројатно нема човек кој не ја познава оваа билка, бидејќи ако барем еднаш сте биле во природа, сигурно се залепила за вашата облека.

Лепавецот е јадлив и може да се приготвува исто како и другите зеленчуци, ако се набере пред да созреат плодовите (мали ситни топчиња). Бидејќи има ситни боцкички, малку е непријатен ако се јаде сиров, но може да се додава во цедени сокови или да се вари во супи и други јадења.

Семето исто така е јадливо и се користи како замена за кафе, особено кај оние кои им пречи кофеионот, бидејќи содржи значително помало количество на кофеин. Плодовите се сушат, па се мелат, а потоа се приготвува исто како и кафето.

Инаку, лепавецот е омилената билка на гуските и тие со задоволство и необична сласт ја јадат, па затоа во некои краишта го добила името и „гускина т рева“. Освен во исхраната, лепавецот одамна се користи и во природната медицина.

Најчесто е користен чајот, кој може да се приготви топол или ладен. За ладна инфузија се бере свежа билка, се става една полна рака во тенџере и се прелива со околу 2 литри ладна вода. Се поклопува и се остава на ладно да отстои 24-48 часа по што се процедува.

Како се приготвува топлиот чај и како се користи како мевлем и облога за кожни проблеми, ќе ви опише билкарот мартин Најдовски од Велес.

ЛЕПАВЕЦ: УПОТРЕБА И РЕЦЕПТИ

За оваа многу интересна билка која расте како коров, а се лепи за вашите алишта секогаш кога ќе поминете покрај неа, пишува билкарот Мартин Најдовски: Лепавец (lat. Galium Aparine).

„Лепавец или лепка е билка која расте на влажни места, но исто така, може да се најде и на суви. Може да достигне до 50 метри. Карактеристично за неа и претпознатлива е по нејзините листови и стебло кои се лепливи па отаму нејзиното име Лепавец.

Расте како коров, но нејзината лековитост за жал е заборавена. За лековити цели се собира надземниот дел, односно целата билка. Лепавецот се користел за време на ко-лерата и ч умата, кога буквално кожата им п аѓала од месото. Ра-ните ги лекувале со мевлем подготвен од лепавец” – пишува Најдовски

„Оваа билка се користи протов бронхитис, кожни болести како што се псоријаза, розацеа, лишај, влегува во разни мешавини од билки за лекување на проблеми со црн дроб, црева, бубрези и мочни патишта, лимфни жлезди, женски болести и друго.

Од неа најчесто се изработуваат најразлични мевлеми кои се користат за р ак на кожа, осип, гн.ојни чирови и други кожни болести. Помага за снижување на висок кр-вен притисок, бидејќи е диуретик па со тоа помага за исфрлање на камен во бубрези, отежнатост и пец.кање при мокрењето и проблеми со уринарните патишта.

Според некои истажувања утврдено е дека лепавецот одлично делува против жолтица и секаков вид на р ак, особено р ак на кожа.

Кај нашиот народ доста била употребувана за различни м агиски обреди како што е на пример р итуалот кој го користеле младите девојќи за да привлечат додворувачи. Тие го лепеле лепавецот за себе и притоа изговарале: „Како што овој лепавец се прилепува за мене да така се прилепат сите момци од селото за мене и така нека биде”.

Рецепти:

Чај: 1 супена лажица се прелива со 250 мл зовриена вода, отстојува 20-30 минути, се процедува и се пие по 2-3 шолји дневно.

Сок: Билката се блендира па се исцедува, а добиениот сок може да се стави како облога кај кожни заболувања или пак, да се направи мевлем.

Лепавецот влегува како главен дел во мојот микс за тумор на матка. Еве, Лепавецот кај мене расте на тераса, во мојата градина, како коров и како најцента билка” – заклучува Најдовски.