Киселото млеко во комбинација со медот има способност да ја регулира телесната те-жина. Освен тоа, оваа комбинација има и лековит ефект за целокупното здравје на телото.

Киселото млеко е одлично за хидратација, поздрави коски, регулирање на кр-вниот притисок, намалување на ризикот од настанување на кардиоваскуларни болести, спречува д ебелеење и дијабетес тип 2, а некои студии покажуваат и дека го намалува ризикот од р ак на дој-ка и р ак на дебелото црево.

Медот е одличен засладувач, извор на енергија, одличен е за губење на т ежината бидејќи ја поттикнува потрошувачката на масти, ја подобрува издржливоста, а има и антибактериски, антифугални и антиоксидантни својства.

Во текот на д иетата постребно е да се следат точно пропишаните чекори, а доколку сте интолерантни на млечни производи, тогаш оваа ди-ета не е за вас и мора да се консултирате со лекар или едноставно, да побарате совет од нутриционист.

Р ежимот е краток, а к илограмите брзо ќе ис-чезнат. Треба да сте апсолутни здрави и да не сте на некоја м едикаментонозна т ерапија. Ова е менито за следните неколку денови.

СОВЕТ: Онаму каде пишува дека оброкот е по ваш избор, одбирајте здрава и лесно калорична храна. Тоа значи дека треба да одбегнувате масна, пржена или индустриски преработена храна.

ПРВ ДЕН: Појадок: Чај незасладен и 1 супена лажица мед (може и 1 супена лажица мелени ореви помешани со мед). Ручек: Ваш избор. Ужина: портокал или цитрон. Вечера: 1 чаша кисело млеко обезмастено, до 1% мм.

ВТОР ДЕН: Појадок: Чај и малку мед. Ручек и вечера: се јаде само кисело млеко до 1% мм.

ТРЕТ ДЕН: Појадок: Билен чај и една лажица мед. За ужина, ручек и вечера се јаде само кисело млеко 1% мм

ЧЕТВРТИ ДЕН: Четири пати во денот пиете чај со мед. Во остатокот од денот пиете вода. Дозволено е едно до две незасладени кафиња.

ПЕТТИ ДЕН: Четири пати во денот јадете кисело млеко.

Шестиот ден го започнувате р ежимот по обратен редослед. Па така, започнувате со ди-етата од 5,4,3,2, и 1 ден. Ако не можете да ја издржите ди-етата прекинете ја, бидејќи доста е р естриктивна.

КИСЕЛО МЛЕКО И МЕД ЗА НЕГА НА КОЖАТА

И медот и киселото млеко имаат антимикробни својства, кои уште повеќе доаѓаат до израз кога овие две состојки ќе се измешаат. Бројни средства за нега на лице се прават со млеко и мед. Интересно е што оваа комбинација се користи во здравствените центри низ различни делови од светот.

Измешајте 3 лажици кисело млеко и 1 лажичка мед и нанесете како маска на чиста кожа, а по 20 минути исплакнете. За чистење на лицето се користат 3 лажици топло млеко со 1 лажица мед, натопете парче памук во смесата и исчистете го лицето.

Издржливост

Чаша кисело млеко и 2 лажици мед во утринските часови ја подобруваат издржливоста во текот на денот. Млекото содржи протеини, а медот потребните јаглехидрати. Кисело млеко (или обично) со мед можат да јадат/пијат сите, без оглед на возраста и полот.