Гихт е форма на воспалителен артритис што се развива кај некои луѓе кои имаат високо ниво на мочна киселина во кр-вта. Оваа киселина може да формира кристали во зглобот и да предизвика ненадејни, теш-ки епизоди на б олка, осетливост, црвенило, топлина и оток.

Фактори на ризик за гихт се генетска предиспозиција, ако некој член од вашето семејство имал гихт, најверојатно и кај вас ќе се развие. Други здравствени состојби: висок холестерол, висок кр-вен притисок, дијабетес и срцеви заболувања може да го зголемат ризикот.

Лекови: диуретиците, честопати земени за висок кр-вен притисок, можат да го зголемат нивото на урична киселина, како и некои лекови кои го потиснуваат имунитетот кај пациенти со ревматоиден артритис и псоријаза, како и приматели на транс-плантација.

Пол и возраст: Гихтот е почест кај мажите отколку кај жените на возраст до 60 години. Експертите веруваат дека природниот естроген ги штити жените до оваа возраст. Диета: Јадењето црвено месо и школки го зголемува ризикот. Ал-кохол: за повеќето луѓе, повеќе од два ал-кохолни пијалаци на ден можат да го зголемат ризикот од гихт.

Газирани сокови: Неодамна се покажа дека фруктозата во слатките сокови го зголемува ризикот од гихт. Дебелина: Дебелите луѓе имаат поголем ризик од гихт и имаат тенденција да го развиваат на помлада возраст отколку луѓето со нормална тежина.

Гихтот се појавува ненадејно, често во форма на болно отечен палец или глужд. Всушност, тоа е крајниот резултат на процесот што се одвива во телото веќе некое време.

Мочна киселина е супстанција која нормално се формира кога телото ги рас-паѓа пурините, кои се наоѓаат во човечките клетки и во многу видови храна. Мочната киселина се пренесува преку к-рвта до бубрезите и се ели-минира со урината.

Сепак, некои луѓе произведуваат високо ниво на мочна киселина или произведуваат нормална количина, но нивните бубрези не можат ефикасно да ја процесираат и вишокот на оваа киселина се акумулира.

Факторите на животниот стил, како што е диета богата со пурини, дебелина и прекумерна кон-сумација на ал-кохол исто така може да придонесат за развој на хиперурикемија и гихт.

Симптоми на гихт

За многу луѓе, првиот симптом на гихт е б олка и оток на палецот – често после траума, како што се болест или повреда. Гихтот може да се појави и на друг зглоб на долниот дел од телото, како што е глуждот или коленото.

Последователните на-пади може да се појават и на други зглобови, пред сè на стапалата и колената, пред да станат хронични. Гихтот обично влијае на еден зглоб истовремено, но ако не се лекува може да влијае на повеќето зглобови.

Гихтот е поврзан со други сериозни здравствени ризици како што се висок кр-вен притисок, дијабетес, хронично заболување на бубрезите и кардиоваскуларни заболувања.

Постојат неколку фази на гихт

Асимптоматска хиперурикемија е период пред првиот на-пад на гихт. Нема симптоми, но нивото на мочна киселина во кр-вта е високо, а во зглобот се формираат кристали.

Акутен гихт или на-пад на гихт се јавува кога тригер (како што е консумирање ал-кохол цела вечер) предизвикува скок на нивото на мочна киселина или туркање на кристалите што се формирале во зглобот, предизвикувајќи на-пад.

Како резултат на воспаление и б олка обично напа-дите се случуваат навечер и се интензивираат во следните 8-12 часа. Симптомите стивнуваат по неколку дена и веројатно ќе исчезнат за една недела до десет дена.

Некои луѓе никогаш не доживуваат втор на-пад, но се проценува дека 60% од луѓето кои имаат на-пад на гихт ќе имаат втор на-пад во текот на годината. Генерално, 84% од пациентите може да имаат уште еден на-пад во рок од три години.

Иако б олката може да се намали, гихтот не исчезнува. Ова воспаление може да биде штет-но за зглобовите. Хроничен гихт се развива кај луѓе со гихт чии нивоа на мочна киселина остануваат високи многу години. Може да се појави оште-тување на зглобовите, што може да доведе до губење на подвижноста. Со правилно управување и третман, оваа фаза може да се спречи.

Третман на гихт

Третман на гихт вклучува промени во животниот стил и употреба на соодветни лекови. Промените во исхраната можат да помогнат во намалување на нивото на мочна киселина во кр-вта. Бидејќи хемикалиите во пурините се претвораат во мочна киселина, треба да се избегнува храна богата со пурини. Храната богата со пурини вклучува школки и месни производи.

Истражувачите објавија дека кон-сумирањето месо или морска храна го зголемува ризикот од на-пади на гихт, додека кон-сумирањето млеко го намалува тој ризик.
Некои лекови ја намалуваат б олката и воспалението при на-пади на гихт, како што се антиинфламаторни лекови, колхицин и кортикостероиди.

Другите лекови го намалуваат нивото на мочна киселина во кр-вта и спречуваат таложење на истата во зглобовите, бубрезите и ткивата, помагајќи да се спречат понатамошни на-пади и компликации.

Рецепт: Мартин Најдовски, Лек за реума и гихт со сапун, проверен мевлем 

За читателите на НМД билкарот Најдовски денес сподели еден многу ефикасен рецепт за лекување на реума и гихт. Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Потребни состојки: 200 грама домашен селски сапун, 200 мл ракија комова, 200 грама домат без семки.

Постапка: Сапунот се ренда, се додаваат доматот и ракијата, па заедно се блендираат додека да се добие кашеста смеса. Со овој мевлем се масира болното место 2-3 пати во текот на денот. Се чува во соодветен сад во фрижидер. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска