Најдобрите природни лекови против вирусни инфекции, кашлица, настинка, грип и зајакнување на имунитетот

Лековитите билки се вистинска ризница за здравјето и можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот, а некои од нив се користат со години за лекување на одредени болести.

РЕЦЕПТ 1

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 поголема главица кромид неизлупен, 4 ореви во лушпа поткршени и 4 чаши вода

ПОСТАПКА: кромидот убаво се мие и се сече на 4 дела. Оревите исто така убаво се мијат, се поткршуваат, па заедно со кромидот се ставаат во вода да вријат околу 15-тина минути. Потоа се остава малку да излади, се процедува и се засладува по потреба со мед. Се пие во текот на целиот ден.

РЕЦЕПТ 2

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кромид излупен, 1 цело јаболко органско, неизлупено, 1 орев во лушпа, 3-4 чаши вода или по потреба

ПОСТАПКА: една главица стар кромид, излупен, едно цело јаболко со лушпа (претходно измиено нели) и еден орев стар-убаво измиен и само накршен, напукнат (да не биде исчистен од тврдата обвивка). Сето тоа се вари 10-20 минути, да се добие темна течност, се процедува и се пие. Може да се додаде отпосле и малку мед.

РЕЦЕПТ 3

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл вода и 1 лажичка сува жалфија или 1 гранче свежа

ПОСТАПКА: откако ќе зоврие водата се става билката и се остава да врие точно 3 минути. Се процедува и се пие како чај.

РЕЦЕПТ 4

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: ½ лажичка жалфија, 1 шолја млеко, 1 лажичка свинска маст и ½ лажичка сода бикарбона

ПОСТАПКА: половина лажичка жалфија се става во врело млеко и се остава да врие точно 3 минути. Потоа се додава лажичка свинска маст и половина лажичка соа бикарбона. Се пие свежо приготвено во мали голтки. Се препорачуваат три шолји дневно, додека трае кашлицата.

РЕЦЕПТ 5

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл вода, 4-5 помали главици кромид, малку цимет и неколку ловорови листови

ПОСТАПКА: кромидите измијте ги и заедно со лупшата, пресечени на поголеми парчиња ставете ги да вријат додека да остане третина од првобитната количина. Пред крајот од готвењето додајте неколку ловорови листови и малку цимет.

РЕЦЕПТ 6

Во половина литар вода ставете пет цели измиени ореви и накршени и три помали или две главици кромид, исто така претходно измиени и расечени, со лушпа. Варете додека водата да се намали на третина, процедете и пијте како чај. На кој не му се допаѓа, може да додаде и мед.

РЕЦЕПТ 7

Потребни состојки: 1 главица кромид, измиена и неизлупена, 7 суви карафинлчиња, 3 ореви (може и само јатки да бидат) и 500 мл вода

Постапка: кромидот измијте го и исечете го на четвртинки, а во нив набоцкајте ги каранфилчињата. Ставете ги состојките да се варат околу 10 минути. Потоа оставете уште 5 минути на изгасена рингла. Процедете и пијте го топло.

Лук – главната состојка на стариот тибетски лек

Корисните својства на лукот првпат биле забележани пред 4 – 5 илјади години, а се смета дека тој бил главната состојка на стариот тибетски лек чиј рецепт бил запишан пред повеќе од 2000 години.

Го има и во нашата народна медицина, па затоа често се наоѓа во многу мевлеми и природни лековити билки. Лукот содржи околу 400 активни состојки и е богат со витамини и минерали како аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамини Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, есенцијални масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Го подобрува општиот имунитет, го подигнува имунитетот на белите дробови и респираторните органи, ги штити кр-вните садови, го намалува воспалението и инфекциите на уринарниот тракт, има директен ефект врз бактериите и вирусите и се вели дека е одличен антиоксиданс.

Рецепт со лук, лимон и мед за да го забавите процесот на стареење

Подготовка: Ситно сомелете 10 главици лук и добро промешајте со 1 кг мед и сок од 10 лимони. Ставете ги состојките во тегла, затворете ја теглата и оставете да отстои 8 – 10 дена. Консумирајте двапати на ден, пред оброк по една лажица од смесата.

Кромид – полн со витамини, калиум, фолна киселина

Како една од најстарите култури на зеленчук, која е препознаена по силниот мирис и зачинетиот вкус, се смета дека потекнува од далечна Азија. Се вели дека Египјаните сметале дека неговата форма и концентрични кругови ја претставуваат вечноста.
Кромидот е добар извор на диетални влакна, витамини Ц и Б6, фолна киселина, калиум и манган.

Дејствува како природен заштитник од многу болести, го отстранува пролетниот замор, ги намалува инфекциите и го зајакнува целиот организам. Го штити здравјето на срцето и кр-вните садови, го намалува ризикот од дегенеративни заболувања, го подобрува варењето на храната, ја чисти кр-вта од токсини, ги зајакнува кос-ките, косата и ноктите.

Рецепт – чај од кромид за кашлица

Излупете и ситно исечете 6 средни кромиди. Измешајте го кромидот со 4 лажици мед и ставете го во сад на пареа. Поклопете и варете на тивко 2 часа. Консумирајте 1 лажица на секои 2 или 3 часа. Овој сируп се дава и на деца.

Коприва – најдобриот природен лек за анемија

Една од најлековитите растенија се листот и коренот од коприва. Најчесто се користат во исхраната и приготвување на разни рецепти. Ова растение се користело уште од античко време, првично како лек против настинка и за детоксикација на телото, а подоцна и како диуретик, за лекување на отоци, кр-вавења, астма, пневмонија.

Најдобар природен лек за анемија, содржи големи количини на железо, витамин Ц, калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Исто така, содржи протеини, масти, јагленихидрати, флавоноиди, танин, хлорофил, каротин, лецитин, фитостерол, ацетилхолин. Исто така, се покажа дека копривата е одлична во третманот на хронични инфекции на уринарниот тракт.

Копривата го зајакнува имунитетот, ги смирува симптомите на ревматизам и артритис, го намалува кр-вниот притисок и шеќерот во кр-вта, помага при главоболки и несоница, ги елиминира проблемите со кожата, ги уни-штува цревните паразити, ја храни и зајакнува косата.

Рецепт за чај од коприва

Измијте добро и ситно исечкајте 2 лажички лисја од коприва. Прелијте со 250 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои околу пет минути. Откако ќе го процедите чајот, испијте го.

Лута црвена пиперка – богата со витамини Ц и А

Бројни експерти наведуваат дека модерната медицина дури неодамна започнала да го препознава она што домородните народи на американскиот континент го знаеле пред илјадници години – капсаицинот и другите елементи на лута пиперка се корисни за зачувување на здравјето на сосем природен начин.

Лутата пиперка директно влијае на зголемената секреција на серотонин, допамин, окситоцин и ендорфин, хормони одговорни за добро расположение. Богата е со витамини Ц и А, има антиинфламаторно дејство, ја ублажува б олката, ја подобрува циркулација на кр-вта и го загрева телото.

Го стимулира здравјето на кардиоваскуларниот систем, има антиинфламаторно дејство, го подобрува варењето и поттикнува губење на тежината.

Рецепт за масло од лута пиперка за б олки во зглобовите

Потребни ви се 10 свежи црвени лути пиперки, 2 чаши ладно цедено маслиново масло, стаклена тегла од 1 литар. Измијте ги пиперките, исечете го делот каде што е дршката и сомелете ги. Префрлете ги во стаклена тегла и прелијте го маслото до врв. Оставете на темно место да отстои 7 дена, а потоа процедете ја содржината преку газа или цедалка.

Шипинка – нејзините лековити својства се познати уште од античко време

Припаѓа на големо семејство рози од над 400 видови, а нејзините лековити својства во народната медицина се познати уште од античко време. Може да се користи свежа и сува.

Содржи витамини Ц, А и Е, бета каротен, овошјето е богато со јагленихидрати, протеини и растителни влакна. Содржи калиум, овошни киселини, танини, каротеноиди, флавоноиден рутин, елагинска киселина, ликопен.

Одлична е за бор-ба против инфекции и трески, го зајакнува имунитетот, ги чисти бубрезите и го стимулира мокрењето, помага при б олка во стомакот, запира внатрешно кр-вавење и го намалува кр-вавењето за време на мен-струалните циклуси, добро е за авитаминоза, ја подобрува циркулацијата и ја чисти кр-вта.

Рецепт – чај од шипка против сува кашлица

Истурете лажица сечкани сува шипка во 200 мл врела вода, поклопете и оставете да отстои 15 минути. Процедете го чајот и веднаш испијте го.

Ѓумбир – превенција од настинка и грип

Се користи уште од античко време како храна и лек, а кинеските записи наведуваат дека ова растение е одличен лек за гадење, б олки во стомакот, забоболка, кр-вавење и ревматизам.

Коренот на ѓумбир најчесто се користи свеж, сув, во прав, во капсули или како сируп и масло. Се користи против воспаление, го зајакнува имунитетот, одличен е за спречување на настинка и смирување на кашлицата, ја подобрува циркулацијата. Ефикасен лек е за мигрена и грип, ги ублажува стомачните тегоби и подуеноста.

Рецепт – ѓумбир и мед за зајакнување на имунитетот

За време на сезоната на грип, можете да го пробате овој рецепт за да го зајакнете имунитетот. Измијте еден лимон, процедете и ситно исечкајте ја кората. Додајте четири до пет лажици мед и една лажица рендан ѓумбир. Консумирајте по една лажица наутро на празен стомак.

Борови иглички за зајакнување на имунитетот

Боровите иглички се многу лековити и се користат за спречување и лекување на разни здравствени проблеми. Тие се особено важни за зајакнување на имунитетот, а можете да ги консумирате во форма на чај. Сирупот е одличен за превенција на респираторни заболувања.

Рецепт – чај од борови иглички

Земете дваесет игли од горниот дел на гранчето, измијте ги и варете ги во половина литар вода додека да зовријат. Оставете чајот да отстои половина час, процедете го и пијте два до трипати на ден.

Мајчина душица

Освен што се користи како зачин во јадењата, таа е и неизоставен дел од народната медицина. Се препорачува за оние кои имаат секрет во белите дробови, бронхитис, неправилна столица, ревматски болки и го зголемува општиот имунитет. Лековитите состојки се наоѓаат во лисјата и цветовите, затоа треба внимателно да се земаат.

Рецепт – чај од мајчина душица

Експертите наведуваат дека чајот од мајчина душица никогаш не се приготвува на отворено тенџере, бидејќи растението содржи лесно испарливи лековити состојки кои се губат кога се готват во отворено тенџере.

Истурете лажица мајчина душица во 200 мл врела вода, поклопете и по половина час процедете. Една чаша може да се пие три до четирипати на ден.

Босилек – му дава енергија на целото тело

Босилекот е по потекло од Индија, а легендите велат дека тој бил донесен во Европа во 12 век од монаси. Православната црква, Хиндусите и многу други народи му ја припишуваат божествената моќ на босилекот. Тоа е додаток на јадења, додека народната медицина му припишува лековити својства.

Одличен е за виталноста на организмот, дава енергија на целото тело, антисептик за белите дробови, желудникот и урогениталните органи. Се користи против кашлање, болести на бубрезите, главоболки и депресија, одличен е во бор-бата против настинки, инфекции на ушите и тапанчињата. Тој е моќен антиоксиданс.

Рецепт – чај од босилек

Истурете зовриена вода над лисјата на исушеното растение и оставете го да отстои 10 минути. Може да се пие секој ден, но се препорачува да се направи пауза од две недели по осмиот ден.

Ајдучка трева

Најпознат домашен народен лек за внатрешна и за надворешна употреба. Порано лисјата најчесто се користеле како облога за ра-ни. Се вели дека разбојниците секогаш го носеле со себе за преврзување на ра-ните.

Чај од трева ајдучка трева

Ставете 2 лажички суво цвеќе и лисја во 200 мл врела зовриена вода. Оставете да отстои десет минути, па процедете. Возрасните треба да пијат една чаша наутро и една пред спиење, а децата една мала чаша во текот на денот.

Бел слез – смирува кашлица

Секогаш кога некој близок има сува кашлица, еден од најлековитите чаеви е чајот од бел слез. Познат е како лек за воспаление на грлото, бронхитис. Помага при кашлање и исфрање на слузта.

Најдобриот чај се прави од коренот на растението, што се смета за најлековит дел. Се вели дека чајот од бел слез го забрзува метаболизмот, добар е за варењето на храната, како и за рефлукс е добар антиоксиданс, затоа е одличен за зајакнување на имунитетот.

корен од бел слез

Рецепт – чај од бел слез

Истурете лажица сечкан корен од бел слез со чаша млака вода и оставете го да отстои еден час. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Претходна статијаШто се прави со првото црвено Велигденско јајце, а што треба да направите со јајцето од минатата година
Следна статијаЛекувањето на гихт никогаш не било полесно, природен сапун кој ја извлекува болката – според билкарот Мартин Најдовски