Палентата е најздравиот оброк кој се препорачува да се јаде секојдневно, но освен што спречува голем број на болести, палентата е исклучително вкусно јадење. За првпат палентата како јадење била откриена во северна Италија. Нејзиното народното име е качамак и уште одамна е позната како рурален оброк.

Многумина денес сметаат дека палентата и качамакот се две различни јадења, а всушност станува збор за исто јадење. Се разликува единствено во текстурата и должината на готвење. Палентата која ние денес ја приготвуваме се прави од инстант пченкарен гриз и готова е за неколку минути.

За качамак обично се користи жолто или бело пченкарно брашно и многу подолго се готви на специфичен начин. Во зависност од крајот, во качамакот се додаваат сирење, кајмак, сланина, чварки и друго, а во некои краишта дури се комбинира и со варен компир.

Палентата е многу здрав и вкусен оброк и се приготвува многу брзо и лесно, а може да се кон-сумира на различни начини во комбинација со различни намирници. Палентата е оброк направен од бел или жолт пченкарен гриз. Пченкарното брашно изобилува со многу нутриенти собрани на едно место.

Палентата не содржи глутен, па можат да ја кон-сумираат сите, дури и оние кои имаат проблем со цревата и стомакот. Исто така претставува идеален оброк за малите деца и за оние кои внимаваат на своите килограми и оние кои сакаат здраво да се хранат.

Состав на палентата и нејзините здравствени придобивки

Овој вкусен оброк содржи доволно минерали, нутриенти и витамини колку што му е потребно на телото за да функционира. Палентата има голем придонес во спречувањето на разни болести како и за целокупното здравје на човекот. Таа во својот состав содржи природни масти т.н. каретеноиди кои се заслужни за подобрување на работата на цревата.

Жолтото брашно од кое се добива палентата содржи повеќе антиоксидативни соединенција, односно хемикалии кои значително му помагаат на нашето тело во секојдневната бор-ба со слободните радикали – метаболитичкиот от-пад.

Радикалите предизвикуваат оксидативен с трес, кој на долг рок води кон хронични воспалителни процеси (ризик-фактор за огромен број заболувања). Најзначајните антиоксиданти на палентата се каротеноидите (зеаксантин, лутеин) и фенолните компоненти (флавоноиди и фенолична киселина).

Токму каротеноидите го даваат специфичното жолто обојување на палентата. Овие природни пигменти ги заштитуваат очите, но влијаат позитивно и на доста други аспекти од здравјето: придонесуваат за поздраво срце, го намалуваат ризикот од дијабетес, малигни заболувања и деменција.

Фенолните антиоксиданти се одговорни за малку киселкастиот вкус на палентата. Истражувањата утврдуваат извонредни ефекти од редовниот внес на антиоксидантите од овој тип, особено по намалувањето на инфламацијата низ целото тело и здравјето на срцето и мозокот.

Палентата е одличен оброк за намалување на вишокот килограми. Пченката се смета за најздравата житарица во светот. Таа е една од најдобрите намирници наменети за правилно функционирање на човековиот организам која му обезбедува на телото сила и енергија.

Пченкарното брашно содржи низа хранливи вредности. Ова брашно е голем извор на фолна киселина, витамин Б, витамин К и Е, пантотенска киселина, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така изобилува со фосфор, магнезиум, цинк, калциум, бакар, селен и манган.

Благодарение на овие витамини, палентата е најидеалниот оброк доколку сте на диета. Доволно е да јадете еден оброк палента на ден за да ги внесете сите потребни витамини и минерали. 100 г палента содржи околу 380 калории. Таа во својот состав има само природни намирници.

Таа е одличен избор во додатокот на храна за бебиња и мали деца. За уште повеќе да го посакаат овој здрав оброк, палентата искомбинирајте ја со јогурт или некој зеленчук кој вашите деца го обожуваат. Палентата го спречува падот на имунитетот, го намалува ризикот од канцер.

Научно е докажано дека кон-смирањето палента ја спречува појавата на сите воспалителни процеси во телото и помага во лекувањето хемороиди. Палентата ги зајакнува ѕидовите на тенкото и дебелото црево, но влијае и антиоксидативно на целиот организам.

Го намалува вишокот холестерол благодарение на добрите масти кои ги содржи, како и големиот број диететски влакна. Тоа значи дека еден оброк ќе ве засити неколку часа после јадење, а со тоа ќе спречите покачување на килограмите, а ќе обезбедите и редовно празнење на цревата.

МЕНИ ЗА 4 ДЕНА

Ден 1: 300 г палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода. Сето може да се подели на 2 или 3 оброка.

2 ден: 400 г палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода. Сето може да се подели на 2 или 3 оброка.

3 ден: 500 г палента, салата од 300 г зелена марула, 200 г свежа салата од зелка, 2 моркови, малку сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 чаши зелен чај без шеќер. Сето поделете го во 3 или 4 оброци, во зависност од чувството на глад.

4 ден: 600 г палента, салата од 300 г зелена марула, 200 г свежа салата од зелка, 2 моркови, малку сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 чаши зелен чај без шеќер. Сето ова поделете го во 3 до 5 оброци, во зависност од чувството на глад.

Се разбира, само 4 дена не се доволни за да намалите доста тежина. Важно е да ги промените ло-шите навики на долг рок со цел да ги намалите вишокот килограми и да го подобрите вашето здравје. Лебот и колачите дебелеат, па во текот на овие 4 дена ќе мора да се откажете од лебот.

Меѓутоа и по завршетокот на овие 4 дена, внесот нека биде до едно парче леб по оброк. Сите печива дебелеат и треба да ги избегнувате. Пешачете најмалку 30 минути секој ден. Пијте многу вода. Газирани сокови, пијалаци со шеќер и ал-кохол не се дозволени во овие 4 дена.

Искуствата на оние кои го спровеле овој начин на исхрана е различен, а секако најмногу зависи од личниот металибозам и посветеноста.

Подготовка на палентата. Палентата може да ја подготвите на повеќе начини. Секој начин е многу лесен и брз за подготвување.

I Рецепт: Во лонче или тенџере, ставете 3,5 шолји вода. Потоа додајте неколку капки сончогледово масло и прстофат сол и промешајте. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата на која готвите и додајте една шолја палента со постојано мешање.

Подготвената палента мешајте ја додека да згусне и послужете со дрвена лажица, бидејќи се смета дека металната лажица би можела да предизвика оксидација. Во палентата може да додадете семки или вашиот омилен зеленчук.

II Рецепт: Во длабок сад ставете 1,5 литар вода и додајте 1 лажичка сол и почекајте водата да зоврие. Потоа додајте 500 г пченкарно брашно. Брашното најверојатно ќе остане на површината на водата.

Потребно е со дрвена лажица да направите дупка на средината од тенџерето и да продолжите со готвење на средно-умерена температура. После извесно време, брашното ќе се измеша со водата, ќе набубри и ќе се свари, па тогаш палентата е спремна за послужување.

III Рецепт: Во тенџере на средна температура ставете 1 супена лажица путер и почекајте да се растопи. Потоа додајте 3 шолји млеко, прстофат сол и промешајте. Кога млекото ќе почне да врие, постепено додавајте неполна шолја палента со постојано мешање. Мешајте додека смесата да се згусне. Потоа послужете со сирење, павлака или јогурт.

Од палента може да се подготвуваат разни јадења, а едно од нив е пројата. Потребни состојки: 150 г палента, 3 јајца, 200 г брашно, 300 г ситно сечкано сирење, 1 мала лажичка сол, 1 ќесичка прашок за печиво, 200 мл јогурт, 100 мл сончогледово масло.

Подготовка: Додека ја подготвувате смесата, рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени. Во една чинија, изматете ги јајцата се додека да станат пенасти, а во нив додајте го маслото и јогуртот и смесата изматете ја со миксер.

Откога ќе добиете хомогена смеса додајте палента, брашно, лажичката сол и прашокот за печиво. Се препорачува да користите безглутенско брашно. Кога ќе се измешаат сите состојки, додајте 300 г ситно сечкано сирење.

Во модли за печење или во голем плех претходно намастен претурете ја смесата и ставете ја да се пече на 190 степени се додека да зарумени кората. Проверете ја внатрешноста на пројата со чепкалка.

Диета со палента и јогурт

Во оваа диета главни состојки се јогуртот и палентата, а во последно време е многу популарна. Јогуртот често се користи во многу диети, бидејќи влијае во регулирањето на микрофлората во цревата, а со тоа и на килограмите. Палентата приготвувајте ја со три шолји зовриена вода, малку сол и неколку капки масло.

Кога водата ќе зоврие додајте една шолја палента и мешајте додека да добиете густа смеса. За оваа диета најдобро е да користите домашна палента. Овој оброк потребно е да го кон-сумирате двапати во денот, наутро и навечер два до три часа пред спиење. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска