Кога ќе биде готова вакцината за коронавирусот и дали е пронајден лекот?

Лекарите од Банкок пред извесно време соопштија дека пронашле нов третман со кој дошло до значително подобрување на здравствената состојба кај неколку пациенти заразени од новиот корона вирус.

КОМБИНАЦИЈА ОД ЛЕКОВИ ЗА ГРИП И ХИВ

Тимот лекари соопштиле дека користеле комбинација од лекови за грип и ХИВ, со чија помош дошло до значително подобрување кај неколку пациенти во рок од 48 часа од давањето на првата доза.

Меѓу пациентите имало и една 70-годишна Тајванка, пациентка од кинескиот Вухан, која од вирусот била заболена веќе 10 дена.

Loading...

Кинеските и американските научници работат на развојот и откривањето на вакцина против корона-вирусот. Ако сè оди по планот, за кратко време ќе може да се тестира врз луѓето.

Останува прашањето, дали дотогаш пандемијата ќе помине?

ДАЛИ ЛЕКОВИТЕ ЗА ХИВ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО ЛЕКУВАЊЕ И НА НОВИОТ КОРОНА ВИРУС?

Во Кина и Јапонија неодамна се спроведени клинички истражувања за тестирање на лекови против ХИВ како третман за COVID-19 вирусот. Даден е извештај базиран на ин витро студии.

Антивирални лекови (антиретровирусни) се група на лекови кои инхибираат различни чекори во процесот на репликација на ХИВ вирусот. На овој начин, тие можат да ја потиснат ХИВ инфекцијата и ја да намалат прогресијата на болеста.

Додека ниту една терапија не е целосно докажана против COVID-19 вирусот, истражувачите велат дека ХИВ лековите имаат потенцијал за лекување на новиот корона вирус, со доказ од претходните истражувања дека комбинираните третмани што се користат за лекување на ХИВ се ефикасни против други коронавируси како SARS и MERS.

Кина минатиот месец започна со тестирање на Калетра (антивирален медикамент) кој е комбинација на лекови за ХИВ од Лопинавир и Ритонавир.

Претходните студии сугерираат дека Калетрата е ефикасна во спречувањето на САРС да созрее и да се реплицира.

Истражувачите на Кина велат дека користењето на умифеновир (антивирален лек) не дозволува вирусот да навлезе во клетката, додека Дарунавир кој претставува протеаза инхибитор, спречува создавање на нови вирулентни клетки и нивно размножување доколку вирусната клетка навлезе во здравата.

Истражувачите на Кина имаат и друго решение, експерименталниот лек Ремдесивир тестиран како третман за еболата.

Лекарите во САД користеле Ремдесивир за лекување на американски пациент со новиот коронавирус, откако пациентот доживеал симптоми во рок од една седмица.

Симптомите на пациентот започнале да се подобруваат во рок од еден ден по приемот на овој лек при што набрзо бил пуштен од болницата.

Покрај тоа, научната заедница ги зема во предвид и медикаментите за лекување на хепатитис Ц како потенцијален третман за новиот коронавирус.
Причината поради која истражувачите ги бараат токму овие овие лекови, е дека новиот коронавирус заедно со ХИВ, ебола и хепатитис Ц претставуваат РНК вируси. Лековите се насочени кон слабостите на вирусните РНК.

Loading...