Вкусен и домашно приготвен крем за мачкање.

Потребни состојки за Киндерлада:

300 г шеќер
300 мл вода
3 ванилин шеќер
250 г путер
500 г млеко во прав
2 лажици какао (или чоколадо)

Потребни состојки за Еурокрем:

400 г шеќер
300 мл вода
3 ванилин шеќер
250 г путер
500 г млеко во прав
500 г мелени лешници
2 лажици какао (или чоколадо)

Постапка:

Шеќерот ставете го во поголем сад и прелијте го со 300 мл врела вода. Малку промешајте па додадете го ванилин шеќерот и исечканиот путер на листови, па добро измешајте со жица за матење додека путерот да се растопи.

Потоа додадете го млекото во прав, па миксајте со миксер околу 5 минути додека да се добие убава смеса без евентуални грутчиња од млекото во прав.

Во половина од смесата додадете 2 лажици какао, па повторно добро промешајте. Наполнете ги теглите или некои садови кои ги имате со капак, па ставете ги во фрижидер.

Постапката за еурокрем е иста, со тоа што додаваме уште 500 г мелени лешници (во целата смеса, а во половина од неа, повторно какао).

Теглите ги полнев така што смесите ги наполнив во кеси за замрзнување, го исеков врвот на кесичките, па истовремено го истискував кремот од двете кеси.

Coolinarika.com