КРМУС: Лек за циркулација на крвта, нормализација на цревата и телесната тежина…

Фото и рецепт: Лена Дуковска

За крмусот многу малку се пишува, бидејќи е декларирана како отровна билка. Меѓутоа, доколку се подготви на соодветен начин со ферментација, во вид на тинктура или термички се обработи, во многу мали и строго регулирани дози, може да претставува извонреден лек. Повеќе за билката можете да прочитате подолу во текстот.

Loading...

Во нашата и ваша група НМД Природни лекови беше објавен рецептот за подготовка на тинктура од крмус од нашата драга Лена Дуковска.

Еве што таа вели за читателите на НМД:

“Ова е сушен крмус и е доста различен од бозелот. Свеж го има само во есен, а се користи за циркулација на крв.

Свежи но зрели зрна се земаат на следниот начин: -по 3 зрнца наутро.

Но, се приготвува и лековита тинктура од јака до 55 степени комова ракија:

Во 1 литар ракија се ставаат 60 свежи зрнца во стаклено шише и се затвора шишето да стои 21 ден на сонце. Секој ден се протресува а по 3 седмици се процедува и се пие по една мала ракиена чаша од 30 милилитри.

Напомена: Додека не е убаво созреан – не смее да се користи! – додава Лена за читателите на НМД.

Крмус – карактеристики

Крмусот (Phytolacca americana L.), познат и како “Винобојка”, е повеќегодишна зелјеста билка од истоимената фамилија. Може да нарасне и до 3 метри височина, развивајќи разгрането и исправено стебло.

Листовите се едноставни, крупни, долги 15-30 см, јајцево-елипсовидни, мазни, заострени, сместени на кратки дршки.

Цветовите се мали, собрани во гроздови. Изградени од 5 бели венечни долги околу 3 мм. Има 10 прашници. Цвета во мај и јуни. Плодовите се сјајни, темноцрвени, тркалезни бобинки со пречник до 1 см, дозреваат во лето (јули-август).

Крмусот потекнува од Северна Америка, а во Европа е донесен во 18 век, најпрво во Франција како украсна билка, а оттаму се раширила и денес расте како самоника билка на необработени земјишта, во дворови, покај патишта, шуми…

Крмусот го размножуваат птиците кои се хранат со бобинките. Името Винобојка го добила бидејќи се користела за подобрување на бојата на црните вина.

На странски јазици: American pokeweed (анг.), Amerikanische Kermesbeere (герм.), raisin d’Amérique, teinturier, épinard de Cayenne (фр.), uva turca, uva da colorare, cremesina, vite di Spagna, spinacio delle Virginia (итал.), hierba carmín (шпа.), uva-de-rato (порт.), navadna barvilnica(сло.).

УПОТРЕБА

Може да се јадат само младите изданоци кога се високи најмногу до 30 см и младите листови кои се берат рано напролет. Богати се со витаминот Ц (150-230 мг%), но се јадат после готвење и тоа пожелно е двапати да се промени водата или да се конзервираат во оцет. Младите листови содржат 6 мг% каротин. Корењата и плодовите се отровни во сиров облик и не смеат да се консумираат во поголема количина.

ЛЕКОВИТИ РЕЦЕПТИ

Коренот одамна се користел за лекување на разни болести, а се води наесен, откако целосно ќе созреат плодовите. Се чисти од земјата, се сечка на ленти и се суши на топло место.

Свежиот сок се добива со плодовите со цедење или пресување. А листовите се берат пред цветање и се сушат на топло. Може да се јадат сварени како спанаќ.

Се користи за лекување на следниве состојби:

-болести на крвта
-кожа
-црн дроб
-чиреви
-егзема
-псоријаза
-габични инфекции
-хемороид
-херпес
-карцином
-инфекции
-желудник
-бели дробови
-ревматски проблеми
-женски болести
-сифилис
-чистење на крвта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чајна лажичка сув корен, лист или плод
200 мл вода

Постапка:

Со врела вода прелијте ја билката, поклопете и после половина час процедете. Ако се приготвува чај од корен и плод, се натопуваат околу 4 часа, кратко се проваруваат, се остава поклопено и после еден час се процедува. Се консумира по 2-3 шолји на ден.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г корен (од тригодишна билка)
1 литар 70% алкохол

Постапка:

Во текот на 30 дена оставете го коренот натопен во алкохол, со секојдневно протресува. Потоа процедете. Употреба: трипати дневно по 5-10 капки со малку вода или топол чај. Тинктурата може да се користи и како облога за болки во зглобови и мускули како и за разни други болки.

СУВИТЕ БОБИНКИ придонесуваат за нормализација на цревата и намалување на вишокот килограми. Добро е да се јадат по неколку бобинки наутро и навечер (1-2 до 3).

Пред примена на било кој лек од народната медицина, посоветувајте се со вашиот лекар.

КОМЕНТАР на билкарот Мартин Најдовски:

”Лично не би го препорачал крмусот, бидјќи го вади калциумот од коските и го таложи во срцето и обично 95% од луѓето кои го земаат заболуваат од срце или инфаркт… зборам од моето билкарско искуство.”

Loading...