Ушната маст има заштитна улога, водоотпорна е и ја заштитува слузокожата на ушниот канал. Ушната маст (церумен) може да биде мека и влажна, но и тврда и сува. Може да има жолта до кафеава боја.

Цврстата и сува ушна маст понекогаш може да предизвика проблеми со увото и слухот, па затоа е потребно да се отстрани. Доколку се наталожи во поголема количина може да предизвика: б олка во увото, чешање и непријатност, ушно воспаление, блокиpaње на ушниот канал, тинитус (зуење во ушите), вртоглавица и намален слух.

Американскиот доктор попознат како д-р Гил на својата страница напиша неколку корисни совети за сите оние кои имаат често таложење на восок во ушите. Тој препорачува метод за омекнување на наталожената ушна маст во ушите, а тоа е најдобро да се направи со масло.

Земете памукче и натопете го со масло, па ставете го во увото без да го буткате внатре. Не смеете никако и ништо да буткате во внатрешноста на ушниот канал, бидејќи само ќе ја влошите состојбата.

Потоа малку протресете ја главата за да може да се одлепи восокот и придвижи кон надвор. Почекајте 2-3 минути, па капнете 2-3 капки масло во увото. Тоа би требало да го омекне восокот и да го раствори. Доколку и ова не помогне, најдобро е да одите на лекарско испирање на увото.

Миење на увото односно иригација е процедура за чистење на ушниот канал со топла вода. Се изведува кога каналот е затнат со ушна маст (церумен). Човечкото уво има природен механизам за чистење, кој за време на џвакањето или зборувањето полека се отстранува од каналот во ушната школка, од каде е лесно да се избрише.

За жал, многу луѓе при употреба на стапчиња за уши не го чистат церуменот, туку само го буткаат подлабоко во внатрешноста. Токму ваквите обиди за чистење на ушите обично се причина за затнување и воспаление на увото.

Во вакви случаи е неопходно да се измие увото. Миењето секогаш треба да се изведува во медицински установи под медицински надзор, бидејќи домашните обиди за миење на увото обично го влошуваат проблемот.

Пред миењето, лекарот со посебен инструмент ќе ја прегледа внатрешноста на ушниот канал за да утврди дали е потребно да се мие. Миењето обично се врши од страна на медицинска сестра со топла вода или со благо-кисел раствор.

Течноста со шприц се инјектира под притисок во ушниот канал и создава мал вртлог во внатрешниот дел на увото, со што се разложуваат наталожените наслаги од церумен на поситни делови. Остатоците од церумен потоа излегуваат во ушната школка од каде што механички се отстрануваат. Постапката е брза, безбoлна и едноставна и не бара никаква посебна подготовка.

Несакани ефекти: Несаканите ефекти се чести, но обично безопасни. Непријатните последици од испирање на увото може да бидат следниве: блага вртоглавица, чувство на болка или непријатност во ушниот канал, тинитус или зуење во ушите.

Несаканите ефекти обично поминуваат до крајот на денот, и ако б олката се зголемува или трае подолго од еден ден, треба да се конcyлтира лекар.