Кинеската традиционална медицина тврди дека целиот наш организам се наоѓа на дланките и стапалата.

Су Џок претставува лекување по рефлексни точки кои се наоѓаат на дланките и стапалата. Во превод од корејски јазик Су значи дланка а Џок стапало, што ни говори всушност од каде потекнува оваа терапија.

Овој метод се користи во лекување на разни болести, во бројни земји од светот, а особено во САД, Русија и Источна Европа.

Су Џок терапијата е синтеза на природни методи на лекување, засновани на одредени филозофски принципи, а дел од нив секој човек може успешно да ги употреби во самолекување, со дејствување преку дланките и стапалата.

Су Џок терапевтите поаѓаат оттаму дека градбата на дланките и стапалата се слични со градбата на човековото тело, па објаснуваат дека човековото тело можеме да го разделиме на труп и пет негови делови: глава со врат и 4 екстремитети.

Сличноста е доказ за длабоко внатрешните врски кои постојат помеѓу телото, дланките и стапалата. Во болниот орган или дел од телото поради пореметување на циркулацијата на енергијата се појавува еден вид на “електричен краток спој” – енергетска блокада која создава електромагнетни бранови.

Овие бранови, затоа што имаат специфична фрекфенција за секој од пореметувањата во телото, доспеваат истовремено во сите аналогни делови.

Понатаму, тие образуваат таканаречени “коресподентни топчиња” кои при допир, односно дразба, стануваат многу болни. Процесот наликува на мало “струјно коло” кое на одредено место испраќа импулс кој го подобрува протокот.

Доколку не се пронајде тераписка точка или не се стимулира правилно, единствено ќе изостане очекуваниот позитивен ефект, а притоа на организмот не може да му се нанесе било каква штета.

Многу добри резултати дава и масажата со врвовите на прстите, бидејќи тука се проектира мозокот, а во мини системот и целото човеково тело. Масажата со врвовите од прстите и ноктите има голем ефект кој кај акутни состојби често е моментален.

Во случаи кога е потребна трајна стимулација на терапевтски точки, може да се користат разни стапчиња, гранчиња, магнети и семки од разни билки.

Кај овие методи нема контраиндикации, ниту несакани ефекти, што им овозможува апсолутно на сите да ја испробаат оваа древна кинеска техника на лекување.