Јогурт пита за 10 минути: Најдобра досега погача, ќе уживате во секој залак

Рецепт и видео презентација од “Кујната на Саби” – Јогурт пита со сирење и гриз

Питата навистина брзо се приготвува со готови кори, а филот и преливот се фантастични. Мора да го пробате овој вкус, ќе бидете воодушевени!

Потребни состојки:

500 г готови кори (12 листови за 4 ролати)
2 чаши (од 180 мл) кисела павлака
1 чаша растопен путер
1 чаша + 3 лажици гриз
2 јајца
1 прашок за печиво

За фил:

500 г сирење меко
2 јајца
сол по вкус

Постапка:

Во подлабок сад изматете ги јајцата со маталка, посолете, па додадете го растопенениот и излатен путер. Повторно промешајте со жицата за матење. Потоа додадете две чаши цврст јогурт или кисела павлака, гриз и една кесичка прашок за печиво.

Убаво изматете за да се соединат состојките и да се изедначи смесата. Во посебен сад ставете го сирењето и посолете го по вкус. Додадете две јајца и измешајте да се соедини. Ако сирењето ви е суво, додадете 1-2 лажици павлака.

Отворете ги корите, за секој ролат ќе ви бидат по три кори. Секој лист (два) премачкајте го преку цела површина со смесата од гриз. Листовите редете ги еден врз друг, а врз третиот лист распоредете на едната страна фил од сирење.

Потоа свиткајте го ролатот. Постапката повторете ја со останатите кори. Ролатите редете ги во плех претходно намастен. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени додека ги приготвувате другите ролати.

Во остатокот од филот додадете малку јогурт и премачкјате ги обилно ролатите одозгора. Ставете да се пече на 200 степени додека убаво да заруменат околу 45 минути. Додека е врела испрскајте ја со малку вода и покријте ја со чиста крпа. Оставете ја да подизлади. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Loading...