Home Рецепти Посни и фантастично вкусни печива – пробајте го овој рецепт, ќе бидете...

Посни и фантастично вкусни печива – пробајте го овој рецепт, ќе бидете воодушевени

Рецепт и видео на Јелена Петровиќ од Бабина кујна – Посни солени стапчиња со семки. Еве едни посни фантастични соленчиња, одлични за дружење, а може и со пиво, зошто да не. Пробајте го рецептот, ќе бидете воодушевени. Вкусни се, меко и крцкави истовремено.

Потребни состојки:300 мл вода, 1 лажица шеќер, сусам и останати семки по избор, 50 мл масло, 30 г квасец, 400 – 500 г брашно и 100 г маргарин

Постапка: Свежиот квасец околу 30 г издробете го со малку млака вода и една супена лажица шеќер. Промешајте убаво за да се растопи квасецот, па додадете 50 мл масло и остатокот од млаката вода.

Постепено додавајте го брашното, посолете и мешајте со лажицата додека да добиете средно меко тесто. Месењето завршете го рачно додека тестото да стане еластично. Потоа вратете го во чист сад и покријте го со проѕирна фолија и крпа. Оставете го да отстои половина час за да се активира убаво квасецот и да се удвои тестото.

На набрашнета површина развлечете го тестото со набрашнета оклагија. Формирајте правоаголна кора со дебелина од 1 прст. Кората пресечете ја на половина, да добиете две долгнавести правоаголни кори. Одозгора кората намастете ја со малку омекнат маргарин за да добие на мекост.

<

Корите преклопете ги една врз друга, па повторно пресечете на половина (на два квадрати). Преклопете ги, а помеѓу намастете со маргарин. Вака здипленото тесто одозгора притиснете го малку со оклагија и уште еднаш пресечете го и преклопете го.

На крај убаво и полека развлечете правоаголна кора (а со преклопувањето се добива ефект на лиснато тесто, постапката може да се погледне во видео прилогот). Добиената кора премачкајте ја со кечап и одозгора наросете обилно семки да се покрие целата површина.

(потребни се околу 50 г сусам, малку ленено семе и семки по избор). Кората пресечете ја на половина за полесно да се сечат лентите, па сечете тенки ленти со широчина по ваша желба, завиткувајте ги малку спирално и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Вака приготвените стапчиња со семки ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.