Рецепт и видео презентација на “Гала Храна” – Милка торта без печење.

За оваа торта потребен ви е калап со димензии 21х21 см или слични димензии, петит кекси со какао за да се добие на контраст, пудинг од ванила и секако милка чоколадо – бело и млечно.

Тортата се приготвува брзо и едноставно, а се добива навистина одличен вкус, кремаста и декоративна торта. Еве што сè е потребно за нејзино приготвување.

Потребни состојки: 3 пудинг со вкус на ванила (40 г), 6 лажици шеќер, 200 мл млеко
800 мл млеко, 100 г бело чоколадо, 150 мл млечно чоколадо, 250 г путер/маргарин, 150 г шеќер во прав, 1 кесичка шлаг (40 г) + 80 мл млеко, 200 г темен кекс за два слоја и малку млеко за натопување на кексите

Постапка: Во еден сад измешајте 40 г пудинг од ванила (3 кесички) со 6 лажици шеќер. Додадете 200 мл млеко и добро изматете да нема грутчиња. Остатокот од млекото 800 мл ставете на оган да се загрее. Кога ќе зоврие млекото намалете ја температурата и додадете го изматениот пудинг.

Мешајте постојано додека пудингот да згусне. Поделете го кремот на два дела. Во првиот дел додадете 100 г бело чоколадо искршено на коцки. Промешајте додека да се растопи и соедини со пудингот. Во вториот дел додадете 150 г милка млечно чоколадо, исто така искршено на коцки.

Мешајте додека да се растопи и соедини со пудингот. Оставете ги филовите да се оладат. Пенасто изматете 250 г путер претходно омекнат на собна температура. Додадете 150 г шеќер во прав и соединете го со путерот. Половина од изматениот путер додадете во светлиот фил и изматете да се соедини.

Втората половина додадете ја во темниот фил и исто така измиксајте за да се соедини. Една кесичка шлаг пена изматете со 80 мл млеко додека да добиете шлаг. Во плех со димензии 21х21 обложен со хартија наредете два реда темни кекси кратко натопувани во млеко. Врз двата слоја кекси за подлога, нанесете го темниот фил и рамномерно распоредете и израмнете.

Врз него нанесете шлаг пена, па уште еден ред кекси, исто така натопувани во млеко. Врз нив нанесете го светлиот фил и израмнете. Одозгора украсете со рендано еурокрем чоколадо, па оставете ја тортата да се олади и стегне најмалку три часа во фрижидер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.