Слабеењето и проблемите со спиењето се теми кои ги интересира (и ги мачи) многумина, а решението би можела да го понуди токму хибернациската диета.

Оваа диета функционира на следниот начин: Го “регрутира” природниот механизам на организмот кој ја контролира телесната тежина. Не мора да се борите против своето тело за да постигнете здрава тежина – истакнува Мајк Мекинс.

Клучот на успехот се состои во обновување на механизмите на телото кои се активираат во текот на ноќта, забрзувајќи ги метаболичките процеси и согорувањето на мастите, притоа ублажувајќи го дејството на хормонот на стресот и помагајќи ни во текот на ноќта подобро да се наспиеме.

Тука настапува медот. Пред сè, добро е да знаете дали сте кандидат за хибернациска диета, а за тоа е потребно да одговорите на следните прашања:

Дали редовно се будите во текот на ноќта? Дали се потите во текот на ноќта? Дали имате желудочни проблеми во текот на ноќта? (рефлукс) Дали се будите сред ноќ со потреба да одите во WC?

Чувствувате ли мачнина рано наутро? Дали се бидите исцрпени и уморни? Дали наутро грлото ви е суво? Имате ли грчеви во текот на ноќта? Дали чувствувате слабост рано наутро?

Ако одговорот е “да” на некое од овие прашања, тоа значи дека вашиот црн дроб не сте го снабдиле со потребното “гориво” кое му е потребно за правилно функционирање преку ноќта.

Наместо да ги согорува мастите и да ги обновува мускулите, вашето тело произведува големо количество од хормонот на стрес во текот на спиењето.

Медот одамна е ценет поради своите терапевтски својства. Авторот на хибернациската диета тврди дека фруктозата и глукозата во медот му го даваат на телото потребното гориво кое му е потребно во текот на ноќта, а кое го контролира нивото на шеќерот во крвта и поттикнува согорување на мастите.

Додека спиете, медот ќе ја стимулира работата на црниот дроб и го намалува дејството на хормонот на стресот кој го отежнува слабеењето и спиењето.

Но, хибернациската диета не се темели само на медот. За најдобри резултати важно е да се придржувате на здрава исхрана, што подразбира одбегнување на процесуирани намирници, како бел леб, пица, бурхери, чипс, пиво и шеќер. Потребно е да се консумираат намирници кои содржат нутриенти кои му се потребни на вашиот организам.

Хибернациската диета препорачува два или три тренизи седмично. За тоа не мора да одите во теретана, туку вежбите можете да ги изведувате дома, користејќи лесни тегови или вреќички наполнети со шеќер или ориз. И во јогата и пилатесот постојат вежби со отпор кои би можеле да ги пробате.