Home Рецепти Наједноставниот рецепт за кифлички меки како душа, за само 30 минути без...

Наједноставниот рецепт за кифлички меки како душа, за само 30 минути без стасување

Поздрав драги мои пријатели. Денес ви го претставувам рецептот за супервкусните, а неверојатно брзи кифлички за кои не мора да месите тесто повеќе пати или да го чекате тоа да стасува.

Овие кифлички се готови за половина час заедно со печењето, а можете да ги филувате по желба или да ги оставите празни.

Потребни состојки: 500 г меко брашно, 250 г свежо кремасто сирење (полутечно)*, 100 мл масло, 100 мл млеко, 2 јајца, 2 рамни лажички сол (за солени кифли)**, 6 лажички прашок за печиво или 2 кесички,

*ако немате меко сирење, тогаш употребете, 200 г тврдо издробено сирење помешано со 50 мл млеко, **ако правите благи кифли ставете 1 лажичка сол и 1 лажичка шеќер. Постапка: Во подлабок сад ставете го брашното и додадете го прашокот за печиво и солта. Промешајте рамномерно.

Направете вдлабнување во брашното па додадете го крем сирењето. Посебно пенасто изматете ги белките со виљушка, додадете по 100 мл млеко и масло, па оваа мешавина додадете ја во брашното и замесете го тестото.

Тестото треба да биде меко, но не премногу. Ако ви се чини дека е многу меко, тогаш додадете уште малку брашно . Жолчките оставете ги за премачкување. Замесеното тесто префрлете го на работна површина и уште малку домесете го, па поделете го во две топки. Веднаш развлечете кори со помош на оглагија. Кругот поделете го на 16 триаголници.

Филувајте по ваш избор и виткајте ги кифличките од пошироката страна кон тесниот агол. Кифлите редете ги во плех обложен со хартија, а одозгора премачкајте ги со жолчка и наросете ги со сусам или ким.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Сите детали околу подготовката можете да ги погледнете во видеото подолу: