Не можевме да се одлучиме кој од овие два рецепти е подобар или дава повкусен резултат, па затоа ги објавуваме и двата одеднаш, бидејќи ролничките се превкусни, по кој рецепт и да ги приготвите.

Се приготвуваат со готови кори и со намирници кои веќе ги имате во фрижидерот, можете да ги виткате како што сакате и во смесата да употребите млеко или јогурт.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

500 г готови кори
400 г младо сирење
4 јајца
200 мл млеко
50 мл масло
малку сол по вкус

Постапка:

Сирењето изгмечете со виљушка, додадете ги јајцата, маслото, млекото и посолете. Раширете една кора, испрскајте ја со малку масло, па врз неа ставете втора кора, па врз речиси целата површина со лажица ставете фил.

Свиткајте во ролна нежно да остане воздушесто, зошто така ролничките ќе бидат покрцкави кога ќе се испечат. Одозгора премачкајте со смеса од малку масло, вода и сол. Печете ги во загреана рерна на 200-220 степени, а готови се за 15-тина минути. Ако сакате можете да ги виткате дијаголнално, па во круг и ќе добиете убави ружички, па тогаш врз секоја одозгора ставете по една лажица од филот за да не бидат суви.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

500 г готови кори
300 г сирење (фета или некое ситно сирење)
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
1 прашок за печиво
сол по потреба

Постапка:

Состојките за филот соединете ги и добро измешајте ги. Раширете еден лист кора, превиткајте го во еден агол, па соединете го со другиот агол, така што ќе добиете еден голем триаголник. Ако не е правилен, нема врска.

Триаголникот премачкајте го со фил. Едниот крај преклопете го на една страна, а другиот крај на спротивната страна, па повторно премачкајте со филот и свиткајте во ролничка.

Витканите ролнички редете ги во претходно намастен плех. Редете ги една до друга, па со преостанатиот фил премачкајте ги одогора. По желба наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека да добијат златножолта боја.

Coolinarika.com