Овој напиток е чудо за организмот. Откако ќе дознаете што сè може да излекува една чаша сок од домати, ќе започнете и вие да го практикувате истото.

За да проверат зошто, експертите од Универзитетот на Тајван одлучиле да спроведат еден експеримент. Собрале жени доброволци на различна возраст, тежина и потекло, па им дале да пијат по една чаша (околу 250 мл) сок од домати секој ден, во текот на еден месец.

Најбрзата и највидливата промена била значителниот губиток на килограми, а експертите нагласуваат дека не станува збор за исфрлени течности, туку само за масни наслаги.

“Тестираните жени не ги менуваа своите навики во исхраната или вежбањето, а за само неколку дена имаа значително видливи резултати”, откриваат научниците кои го спроведоа овој експеримент.

Исто така, тиа на почетокот и на крајот од експирентот им ваделе крв. “Забележано е значително намалување на нивотот на холестеролот, а зголемено ниво на ликопенот – антиоксидант кој се наоѓа во доматите, а многу полезен за човековото здравје”, велат научниците.

Експериментот покажал и дека една чаша сок од домати дневно го зајакнува имунитетот, штити од срцеви болести, но и го намалува ризикот од развој на рак.

Покрај тоа, овој освежителен напиток помага и кај проблеми со варењето, стимулира исфрлање на течности, го чува здравјето и спречува болести на мочниот меур, панкреасот и белите дробови.