Рецепт за домашни бурек-питички. Овој рецепт е вистинско откритие за сите љубители на домашни печива!
Лесен за подготовка, со неверојатно мека и слоевита текстура, овој „бурек“ ќе стане омилен дел од вашите трпези.
Совршен за појадок, ужина или свечени пригоди, овој рецепт ќе ги воодушеви сите што ќе го пробаат. Следете ја постапката и уживајте во вкусното искуство, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тестото:
– 1 чајна чаша (125 мл) течен јогурт илои кисело млеко (на собна температура)
– 1 чајна чаша (125 мл) масло
– 1 мало шише (200 мл) обична сода вода
– 1 кесичка (10 г) сув квасец
– 1 лажица шеќер
– 1 лажичка сол
– 4,5–5 чаши (550–600 г) брашно
– НМД
За фил:
– 200 г урда или ситно сирење по желба
– 1 врзоп магдонос (ситно исечкан)
За премачкување:
– 50–60 г путер (на собна температура)
– 1 жолчка
– 1 лажица масло
– сусам (по желба, за декорација)
ПОСТАПКА:
1. Подготовка на тестото: Во длабок сад ставете го јогуртот, сода водата, шеќерот и сувиот квасец. Добро измешајте со лажица додека состојките целосно се соединат. Потоа додајте го маслото и повторно промешајте.
2. Додавање на брашното: Постепено додавајте го брашното, заедно со солта, и мешајте со лажица додека тестото почне да се згуснува.
Потоа продолжете со месење со раце. Месете околу 10–15 минути додека добиете меко, еластично тесто кое не се лепи за садот и за рацете.
Доколку е потребно, додајте малку повеќе брашно, но внимавајте да не го направите тестото премногу тврдо.
3. Формирање на топчиња: Тестото префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 16 еднакви делови.
Секој дел обликувајте го во топче, внимавајќи сите да бидат приближно иста големина. Наредете ги топчињата во плех, покријте ги со најлонска фолија и оставете ги да отстојат 15–20 минути.
4. Премачкување со путер: По одморањето, секое топче премачкајте го со мала количина путер (околу 1 лажичка по топче).
Потоа земете по 4 топчиња, развлечете ги во кругови со големина малку поголема од чајна чинија и наредете ги едно врз друго, премачкувајќи меѓу слоевите со путер.
Оваа постапка повторете ја за сите 16 топчиња, за да добиете 4 купчиња од по 4 слоја.
5. Второ одморање: Купчињата од тестото вратете ги во плех, покријте ги со фолија и оставете ги да отстојат уште 15 минути.
6. Обликување на питите: По одморањето, секое купче од 4 слоја внимателно развлечете го со прсти (без употреба на сyкало) во поголем круг.
Тестото е меко и лесно се обработува поради путерот. На едниот крај од кругот ставете дел од полнењето (мешавина од сурење и магдонос) и свиткајте го тестото во ролна (ролат).
Потоа ролната префрлете ја во плех обложен со хартија за печење, оставајќи простор меѓу питите за да можат да се надујат при печењето.
7. Последно одморање: Покријте го плехот со фолија и оставете ги ролатите да отстојат уште 20–30 минути за да се надигнат.
8. Премачкување и декорации: Во мал сад измешајте ја жолчката со лажица масло. Со оваа смеса премачкајте ги ролатите и посипете ги со сусам.
9. Печење: Печете во претходно загреана рерна на 180°C (со вентилатор) околу 25–30 минути или додека да добијат убава златно-кафеава боја. Внимавајте на времето на печење, бидејќи секоја рерна може да се разликува.
10. Сервирање: Оставете ги питите кратко да се изладат, а потоа исечете ги и сервирајте ги топли. Внатрешноста ќе биде мека и слоевита, а надворешноста крцкава и вкусна.
Совети:
– Полнењето може да го прилагодите по ваш вкус: пробајте со мелено месо, компир, спанаќ или кашкавал.
– За подолготрајно чување, питите можете да ги замрзнете по печењето. Пред сервирање, само кратко загрејте ги во рерна за да ја вратите нивната свежина.
– За најдобар резултат, користете состојки на собна температура и месете го тестото доволно долго за да стане еластично.
Уживајте во овој едноставен, а неверојатно вкусен рецепт! Доколку го испробате, споделете ги вашите впечатоци! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/VgPjAkKzsaU?si=yyZ6NoDwRjLxt6nN