ДИЕТАЛНИ ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИ ЗА 5 МИНУТИ! Одлични кога сакате да ослабете, а толку вкусни, никогаш не ни се доста…

Кога немате време, но сепак сакате да се почестите со вкусна закуска, овие колачи со чоколадо, јаткасти плодови и овес ќе ви бидат од голема помош.

Со време за подготовка од само 5 минути и неколку часа во замрзнувач, можете да ги имате овие барови за кратко време. Плус, тие се одлична опција за задоволување на вашите слатки желби без да се загрози вашето здравје. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

120 г црно чоколадо
100 г мелени овесни снегулки
1/2 лажичка ѓумбир во прав (опционално)
1/2 лажичка стевиа (или засладувач по желба, опционално)
50 г + 30 г ореви
8 урми (15 минути потопени во врела вода)
2 супени лажици маслиново масло
2 лажици мед
1 лажичка какао во прав

ПОСТАПКА:

Во блендер сомелете ги овесните снегулки, па додајте какао во прав, 50 г ореви, и на крај урми без семка. По желба додајте ѓумбир во прав, а ако сакате посладок вкус, додајте и малку стевија.

Добиената сува мешавина претурете ја во подлабок сад, па додајте две лажици мед и со раце измесете ја смесата. обликувајте ги колачите и оставете ги во замрзнувач 2 часа.

Чоколадото растопете го со 2 лажици масло, помешајте го со 30 г ситно сечкани ореви, па секое колаче потопувајте го во оваа глазура. Оставете да се стегне, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.