Денес е меѓународен ден на прегратките, па раширете ги рацете за гушкање, бидејќи ваквата близина лекува и придонесува за подобро душевно здравје. Според некои статистики, потребни ни се минимум четири прегратки дневно.

За значењето и лековиото дејство на човековиот допир и прегратка пишувани се бројни стручни студии, создадени се бројни уметнички дела, а поради стра-сните прегратки се воју-вани големи бит-ки.. Културата на сите цивилизации ја третираат прегратката како чин на особена блискост.

Некои движења од модерното време, за жал, ваквиот вид на блискост и искажување на емоции го третираат како непожелно под велот на откривање на слабости, губење на слобода или идентитет што резултира со отуѓување меѓу луѓето.

Колку прегратката била важна во минатото, низ вековите и цивилизацијата говори многу и денешниот ден, посветен токму на овој вид искажување на припадност и блискост.

ЧУВСТВО НА СИГУРНОСТ И СОЗНАНИЕ ДЕКА НЕКОМУ СМЕ МУ ПОТРЕБНИ – Зошто не смееме да потпаднеме под овој вид пропаганда и зошто потребата за прегратка е нешто најприродно и преку потребно, објаснува за еКлиника специјализант по психијатрија Сања Калаба.

“Постои стандард одреден од страна на психолозите кои ја проучувале моќта на прегратката: потребни ни се четири прегратки дневно за обичен опстанок, осум прегратки за одржување и 12 прегратки дневно за личен развој.

Без оглед на уверувањето, дали ги приближуваме “чакрите”, дали ги подигнуваме хормоните на задоволство или само ја разменуваме енергијата, неговото величество – прегратката, ни помага да се чувствуваме добро, сакано и почитувано, да знаеме дека некому сме му потребни, како што некој нам ни е потребен.

Секој тежок момент може да се заборави во прегратката на родителите, пријателите, партнерот” – потсетува Сања Калаба.

ПРЕГРАТКАТА КАКО ВОВЕД ВО ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА ДРУГИ КОНЕКЦИИ – Во речиси секој психотераписки модалитет, големо значење и се придава на работата за ослободување од несвесните забрани поврзани за допирот, кој всушност претставува и прв вид на комуникација кога ќе се роди човечко суштество.

Без намера да го намалам значењето на бакнежот и сите негови ефекти, не можам, а да не го поставам прашањето за тоа – каков е тој бакнеж кому не му претходни една автентична (нежна, страсна, топла…) прегратка? – поставува логично прашање психологот.

Исто така, со самото отуѓување, директната последица од отсуството на прегратката е и губитокот на чувство на поддршка и сигурност кои се исклучително важни во моментите кога поминуваме низ некои тешки периоди.

Во секојдневното функционирање, прегратките делуваат релаксирачки, опуштаат и полнат со позитивна енергија и поттикнуваат лачење на хормони на радоста и задоволството.

Во Италија на пример, земјата која имаше огробен број тра-ги-чни загуби поради пандемијата со ковид 19, беше направена “соба за прегратки” која е наменета за сите оние кои се заразени со корона вирусот, а им недостигаат прегратките од своите сакани.

Станува збор за шатор на надувување во кој луѓето со спроведување на мерките за заштита можат да разговараат, да се прегрнуваат, да се допираат… Оваа идеја беше реализирана на иницијатива на италијанското Здружение на социјалните служби и јасно говори за грижата за менталното здравје на заболените во време на пандемија.