I РЕЦЕПТ – Посен ролат со банани и бисквити, лесно се прави за само 15 минути е готов и количински го има доста. Многу вкусен ролат, лесен и едноставен.

Потребни состојки: 350 мл вода, 150 г маргарин, 50 г чоколадо, 4 лажици какао, 100 г суво грозје, 2 лажици рум, 100 г желе бонбони, 450 г посни бисквити, 3 банани, 2-3 лажици сок од лимон, кокос.

Постапка: Бисквитите искршете ги, желе бонбоните исечкајте ги, сувото грозје измијте го во вода и прелијте го со рум малку да набубри. Во сад на оган ставете вода, маргарин и чоколадо да се растопат, па додадете какао и мешајте со лажица да се соединат состојките.

Тргнете од оган и додадете го сувото грозје, сечканите бонбони и кршените бисквити. Сето добро промешајте да се соедини. На испружено парче фолија наросете малку кокосово брашно, па истурете ја топлата смеса по целата должина, да биде 40 см.

По цела должина во средината наредете банани кои претходно сте ги излупиле и полиле со лимонов сок, па свиткајте во ролат со помош на фолијата и оставете да се стегне во фрижидер. Потоа можете да го декорирате по ваша желба, со шлаг, чоколадна глазура…

II РЕЦЕПТ – Мене најубав ми е овој ролат со банани – Мачкини очи – евтин, декоративен и вкусен колач. Ова е е ден стар и добар рецепт кој дома сите го обожаваме и често го правиме, без разлика на сезоната. Евтин е и едноставен за подготвување, рецептот не е многу коплициран и релативно брзо е готов.

Го правам и за секакви свечени пригоди, бидејќи е доста декоративен и освежителен. Потребни состојки: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици мелени ореви. За фил: 700 мл млеко, 5 лажици шеќер, 7 лажици брашно (до врв полни), 250 г маргарин / путер, 10 г ванилин шеќер.

И уште: 4 банани, ½ лимон. Постапка: За да се заштеди на време, најдобро е прво да се свари филот, за да може да се олади додека се пече бисквитот. Рерната вклучете ја на 200 степени да се загрева.

За крем: Одвојте 100 мл млеко, па во него со миксер изматете брашно, а остатокот од млекото заедно со шеќерот и ванилата ставете ги на оган да се загрее. Кога ќе зоврие полека додадете го изматеното брашно со млекото, намалете ја температурата, па продолжете и натаму да мешате (или да матите со миксер) додека да се згусне кремот.

Оставете го на страна да се лади и започнете со приготвувањето на бисквитот. Пенасто изматете ги белките, додадете шеќер и добро изматете додека тој да се растопи и да добиете цврст и сјаен снег. Додадете ги една по една жолчките и понатаму матејќи со миксерот.

Во пенастата смеса додадете ги оревите и со лажица внимателно промешајте (јас немав мелени ореви па ставив 1 лажица брашно, 1 лажица какао и 5 лажици бадеми). Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап или врз хартија за печење (ова е полесно) и печете 15-20 минути.

Извадете го бисквитот од плехот, пренесете го врз влажна крпа и свиткајте го во ролат (долната страна од бисквитот треба да е внатре). Оставете да се лади. Со миксер добро изматете го путерот, па лажица по лажица додавајте му го изладениот фил, непрекинато матејќи.

Бананите излупете ги, отсечете им ги краевите, прелијте ги со сок од лимон. Оладениот бисквит одвиткајте го, со филот премачкајте го преку целата површина (се остава малку фил за премачкување однадвор), во два реда се поставуваат бананите, се витка бисквитот од едната и од другата страна кон средината, па се врти наопаку.

Ролатот премачкајте го однадвор и наросете го со мелени ореви. Се послужува добро изладен. Мене ми е многу важно кората да биде многу тенка, па затоа ја печам во плех од рерна 30х38 см, а вие ако сакате подебела кора, печете во помал плех од овој. / Coolinarika.com

III РЕЦЕПТ – Ммм…Чоко ролат со банана кој не се пече, готов е за 10 минути, а потребни ви се само неколку состојки. Ова е многу вкусен десерт за чие приготвување ви се потребни само неколку состојки, а готов е за многу кратко време.

Потребни состојки: 200 г мелени бисквити, 3 лажици растопен путер, 4 полни лажици нутела + 3 лажици за премачкување, млеко по потреба (50-100 мл), 3-4 лажици изматена слатка павлака, 1-2 банани. За декорација: нутела и бело чоколадо или по желба.

Постапка: Бисквитите сомелете ги. Путерот растопете го и оставете го малку да подизлади. Во еден сад ставете ги мелените бисквити, па во нив додадете 4 полни лажици нутела и растопен путер, па убаво промешајте за да се изедначи смесата.

Постепено додавајте по малку млеко, по потреба за да на крај добиете ровко тесто кое може да се формира. Смесата префрлете ја врз проѕирна фолија, покријте ја со друго парче фолија и со помош на оклагија формирајте кора со форма на правоаголник.

Смесата е ровка, па може да си помагате со раце. Врз половина од кората нанесете шлаг од изматена слатка павлака и убаво распоредете. Врз втората половина од кората премачкајте 3-4 лажици нутела. Ставете излупена банана, па со помош на фолијата започнете да го виткате ролатот.

Свиткајте го убаво ролатот и оставете го во фрижидер на најмалку два часа за убаво да се стегне. Потоа одвиткајте го од фолијата, па премачкајте го целиот со нутела и декорирајте со бело чоколадо или по желба. Може и едноставно да го декорирате со шлаг и чоколадна глазура.

IV РЕЦЕПТ А- Ролат со кршени бисквити посен стар рецепт – едноставна и брза подготовка. Во групата НМД рецепти нашата драга членка Светлана Карапетровска Македонска нè потсети на овој стар рецепт за превкусниот ролат со кршени бисквити.

Многу брза и едноставна постапка, а резултатот – се топи во уста! Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска – За да го приготвите овој вкусн ролат ќе ви бидат потребни следните состојки: 1 кг бисквити посни, 3 чаши од 200 мл вода, 2 чаши од 200 мл шеќер и 1 какао (100 г)

Постапка: Шеќерот, водата и какаото ставете ги во некој подлабок сад, на оган и загревајте на умерена температура додека да зоврие смесата а сотојките да се растопат. Добиената смеса се прелива врз искршените бисквити. Се прават ролати и одозгора се наросуваат со кокос.

IV РЕЦЕПТ Б: Брз и вкусен ролат со кршени бисквити – Потребни состојки: 400 г бисквити, 1 филџан млеко, 1 филџан вода, 200-300 г шеќер по вкус, 1 чоколадо за готвење (100 г), 1-2 лажици какао и ½ коцка маргарин (125 г).

Постапка: Млекото и шеќерот ставете ги на оган, а бисквитите искршете ги во поголем сад. Кога млекото ќе зоврие додадете ги маргаринот, чоколадото и какаото. Промешајте за да се растопи, па прелијте врз бисквитите. Од добиената смеса формирајте ролат со најлонска фолија и се остава во фрижидер да се стегне.

IV РЕЦЕПТ В: Ролат со кршени бисквити, ореви и суво грозје – Потребни состојки: 400 г бисквити, 100 г чоколадо, 250 г маргарин, 130 г шеќер, 3 лажици мелени ореви, 3 лажици мелени бисквити, 100 г суво грозје или желе бонбони, сечкани оревии, 50 мл млеко и малку арома од рум по вкус.

Постапка: Во поголем сад искршете ги бисквитите, додадете сечкани ореви и суво грозје, мелени ореви и мелени бисквити. Промешајте. Растопете го маргаринот со шеќерот, па гответе околу 3-4 минути на тивок оган, додадете го чоколадото и мешајте уште 1 минута.

Со оваа смеса прелијте ја смесата со искршените бисквити и добро промешајте. Ако сметате дека е суво, додадете уште малку млеко (ова зависи од бисквитите). Врз најлон обликувајте го ролатот и оставете во фрижидер да се стегне. – Coolinarika.com Погледнете уште еден видео рецепт за сличен рецепт ОВДЕ.