Дали знаете што значат овие кодови залепени на овошјето?

Повеќето луѓе овие налепници ги сметаат за непријатност, но истите и покрај тоа што можат да послужат за скенирање на цената, исто така содржат и код кој дава информација за начинот на кој растело ова овошје.

Со читање на овој код, може да се утврди дали плодот е генетски модифицираноргански одгледуван или произведен со хемиски ѓубрива, фунгициди и хербициди.

1.Ако постојат само четири цифри во PLU кодот, тоа значи дека плодовите се одгледани конвенционално или „традиционално“ со користење на пестициди. 

Последните четири букви едноставно служат за одредување на видот овошје или зеленчук. На пример, сите банани се бележани со 4011.

2.Ако постојат пет цифри во PLU кодот, а бројката почнува со „9“, тоа значи плодот е органски, односно не е ГМО. На пример, органска банана би имала код 94011.

3.Ако постојат пет цифри во PLU кодот и започнува со „8“, тоа значи дека плодот е генетски модифициран. Генетски модифицирана банана би имала код: 84011.

Претходна статијаОва е ваш месец: Хороскопски знаци кои јануари ќе ги изненади со финансиска добивка
Следна статијаДали спиете боси или во чорапи? Тоа многу говори за вас