Откако беше откриена причината за заболувањето на Мајкл Даглас од рак на грлото,​секс-едукаторот, Џастин Хенкок ги објасни ризиците и најдобрите начини за заштита.

Многу е тешко да се одговори на прашањето „колку е ризичен оралниот​секс“ зошто луѓето кои применуваат ваков вид секс, најчесто имаат и други различни облици​секс​кои исто така се ризични.

Ризиците од сексуално преносливи болести при орален секс се многу помали отколку при незаштитена вагинална или анална пенетрација.

ХПВ, (хуман папилома вирус) од кој што Даглас го доби ракот, може​да се пренесе принезаштитен орален​секс, но исто така може да се пренесе и​кламидија,​гонореја, сифилис,​ХСВ​иХепатит.

Мора да се спомене дека​и​ХИВ​се пренесува​преку​орален секс, но ризикот​е многу помал.

Попроблематичен е херпес симплекс вирусот кој остава долгорочни последици врз организмот.

Што треба да се направи за заштита:

Повеќето случаи​на​сексуално преносливи инфекции​се или​асимптоматски​или имаат​симптоми кои​се благи и​незабележливи. Затоа е потребна редовна контрола на лекар.

Генерално,​тестовите вклучуваат​тестови на урината, вагинален​брис,​тестови на крвта​ивизуелен преглед.

Некои од симтомите како што се израстоци во задниот дел од грлото, болно голтање или болки во грлото, треба да ви сигнализираат проблем од СПБ, и да посетите лекар.

Оралниот​секс​ќе го направите побезбеден доколку користите презерватив. Затоа ги има во голема палета од бои и вкусови.