ЦАРСКА ПИТА…Проверен рецепт за совршен појадок или вечера, а готова е додека трепнеш!
ЦАРСКА ПИТА – рецепт кој секогаш ќе го правите! Најдобрата пита со шунка, кашкавал, кисела пиперка и краставици. Царска пита за ладно мезе.
Пита за брза вечера или ручек со јогурт. Ја сакаат и децата. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Ситно исечкани на коцкички:
200 г шунка
200 г кашкавал
4 кисели кеаставички
1 1/2 кисела пиперка (црвена)
За тесто:
5 јајца
200 мл течен јогурт
200 мл масло
400 г брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата, па редоследно додајте ги наведените состојки и измешајте со лажица. Во смесата сипете ги сечканите состојки и промешајте.
Тепсијата намастете ја и набрашнета ја, па сипете ја смесата и печете во загреана рерна на 200 степени, 35 минути.
Деталите за подготовка погледнете ги во видеото ОВДЕ: