Шкорпија – Стрелец
Шкорпијата е комплексна личност, тешка за разоткривање и недостапна. За него животот е борба и тој ги гони своите цели, правејќи ја прав и пепел секоја пречка, без да размислува за последиците. Стрелецот пак е многу отворена и искрена личност, за која животот е една игра.
Во еден момент Стрелецот започнува да се згрозува од активностите на Шкорпијата. Но многу пред тоа да се случи, Шкорпијата ќе почне да гледа на Стрелецот како на надразнување број еден во животот.
Постојаните тензии и недоразбирања може да ги натераат двата знака на само да се разделат, но и да се замразат.
Рак – Вага
И двајцата се паметни, чувствителни, веруваат во вистинска љубов и мразат агресија. Сепак, нивната врска е речиси невозможна. Вагите го сакаат светскиот живот, излегувањата, трошењето пари, собирањето на пријатели, импулсивни одлуки.
Ракот претпочита да седи дома и да си ги собира парите. Тој секогаш ќе се чувстува недоволно сакан и ценет. Односите помеѓу овие два знака би биле можни по цена на многу компромиси.
Близнаци и Јарец
Оваа унија во почетокот секогаш е многу интересна и возбудлива. Јарецот е восхитен од животниот, креативен и збавен Близнак, а близнакот се чувствува исклучително посебен заради безбедноста и поддршката што неговиот Јарец му ја нуди – на материјален и на емоционален план.
Но, со текот на времето разликите стануваат како трње во очите и на двајцата. Јарецот започнува малку по малку да се згрозува од непостојаната природа на својот партнер. На близнакот од друга страна му е здосадено до смрт од конзервативниот начин на живот и сваќањата на Јарецот. А близнакот не трпи здодевност!
Овен и Бик
Иако и двата знака се со силен карактер и тврдоглави, односите меѓу нив тешко би се задржале. Замислте си како Бикот си седнал во дворот, си пие чаша убаво вино, си јаде француски сирења и се насладува на зајдисонцето.
Во исто време Овенот се појавува со страшна гримаса на лицето – како тоа Бикот го губи времето за глупости, наместо нешто да заврши. А има толку многу работи да се направат. Едноставно боемската суштина на Бикот никогаш нема да може да се комбинира со примарната ароганција на Овенот.