Не е ни бурек, ни гибаница, туку нешто помеѓу. Лесен рецепт за почетници, но многу вкусен, прсти да излижеш.

Потребни состојки: 1 пакување готови кори, 200 г сирење, 200 мл млеко, 200 мл јогурт, 3 јајца, масло по потреба за прскање на корите + 2 лажици за во смесата и ½ прашок за печиво (или рамна лажичка сода бикарбона)

Постапка: Рерната вклучете ја на 200 степени да се загрева додека вие ја приготвувате питата (бурек-гибаница). Тепсијата за бурек обложете ја со хартија за печење и намастете ја. Во еден сад изматете ги јајцата, додадете половина прашок за печиво и една чаша јогурт.

Потоа додадете едно мало калапче сирење околу 200 грама, па издробете го во јајцата и промешајте. На крај додадете го млекото, но постепено, за да не ви дојде многу течна смесата. Додадете и 1-2 супени лажици масло и промешајте да добиете течност со густина како за палачинки.

Во тепсијата ставете една кора и испрскајте ја со масло. Потоа земете друга кора и гужвано натопете ја во смесата со јајца и сирење, па така растесено и згужвана ставете во еден агол од тепсијата. Но неа ставете уште една кора, натопена на ист начин, и уште две или три кори додека да се исполни целата тепсија.

Кога ќе се исполни еден ред гужвани кори, малку испрскајте ги со масло одозгора. На ист начин се редат уште 2-3 реда по 4-5 кори. Се завршува со последна кора со која се завиткува целата гибаница а крајќињата се потпикуваат внатре во тепсијата. Одозгора се порска со остатокот од преливот.

Се пече вкупно околу 40 минути на 200 степени, а после првите 5-6 до 10 минути се покрива со хартија за печење за да не изгори горната кора. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: