Оваа брза пита во секое време можете да ја приготвите и да ја послужите како предјадење или како главно јадење. Многу е вкусна и едноставно се приготвува од состојки кои веќе ги имате в кујна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 тиквички, 2 јајца, 200 мл јогурт или кефир, 2 супени лажици брашно, по 1 лажичка сол и црн пипер или по вкус, малку црвен пипер или буквец, 10 г прашок за печиво, 80 мл масло, 1 китка ситно сечкан млад кромид, 170 г ситно сечкан копар, 2 супени лажици ситно сечкан магдонос

ПОСТАПКА: Тиквичките излупете ги и отстранете им ги краевите, па исечкјате ги на коцкички. Додајте две јајца, јогурт, и сите наведени состојки редоследно. Од зачинските билки можете да одземете или додадете по личен вкус.

Промешајте со лажица додека сите состојки добро да се изедначат. Тепсија со средна големина премачкјате ја со приближно 3 лижаци масло, на дното и зидовите, па сипете ја целата содржина и рамномерно распоредете.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно половина час. Потоа извадете ја питата и одозгора посипете ја со рендан кашкавал (чедар) и вратете да се допече уште 5 минути.

Оставете неколку минути да се подизлади пред ја пресечете и послужите. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Брза излеана пита со тиквички, едноставна, а многу вкусна, одлична за појадок, ручек или вечера“ – ОВДЕ.

Брза излеана пита со тиквички, едноставна, а многу вкусна, одлична за појадок, ручек или вечера