Рецепт со видео прилог на Том Филос.

Рецептот е одличен, без грешка! Искористете ја сезоната на тиквичките и пригответе брз, а здрав и вкусен оброк за вашите најмили.

Потребни состојки:

2 тиквички со средна големина
4 јајца
200 г кисела павлака
100 мл масло
200 г гриз
10 г прашок за печиво
сол по вкус

Постапка:

Тиквичките измијте ги со ладна вода, излупете ги и отстранете им ја дршката. Потоа изрендајте ги на на ренде. Посолете ги одозгора и оставете ги на страна додека ја приготвувате смесата за тесто.

Во подлабок сад ставете сè одеднаш: 4 јајца, 100 мл масло, 200 г кисела павлака, 200 г гриз и 10 г прашок за печиво. Со жица за матење убаво промешајте ги состојките додека да добиете хомогена изедначена смеса.

Тиквичките убаво со раце истискајте ги и исцедете ги, па и нив додадете ги во смесата. Промешајте. Плех со средна величина убаво намастете го со путер или маргарин, па смесата излејте ја во него.

Одозгора наросете ким или семе по желба, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Печената пита оставете неколку минути да подизлади, па сечете ја и послужете ја со јогурт, кисело млеко или по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото: