КРЕМ КАРАМЕЛ ПУДИНГ десертот е познат под различни имиња во различни краишта од земјата. Она што е заедничко е дека се подготвува само од три основни состојки: јајца, млеко и шеќер. Многу е вкусен и освежителен. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 70 г шеќер (1/3 чаша од 250 мл), 20 мл ладна вода (4 лажици), 15 мл топла вода, 4 јајца, 2 жолчки, 70 г шеќер (20 + 50 г), 420 мл млеко, 1 чајна лажичка екстракт од ванила

ПОСТАПКА: шеќерот со 20 мл вода ставете на умерен оган и гответе со непрекинато мешање додека да се карамелизира. Додајте 15 мл врела вода, промешајте за да се раствори и веднаш трегнете го садот од оган.

Веднаш сипете го карамелот во огноотпорен калап со помала или средна големина, и со подигање под различни агли распоредете го преку целата површина на дното. Оставете го настрана да се олади.

Во меѓувреме загрејте го малку млекото и додајте 20 г шеќер и ванилин екстракт. Мешајте за да се раствори шеќерот и оставете да се олади. Во посебен сад изматете ги јајцата, жолчките и 50 г шеќер со рачна-жица маталка.

Додајте го оладеното млеко и промешајте за да се изедначи со јајцата. Процедете ја еднаш смесата низ цедалка, а вторпат кога ќе ја сипувате врз карамелот во калапот. Садот поставете го во друг, поголем сад со врела вода.

Одозгора покријте го алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 150 степени, 50 минути. Готовиот десерт внимателно извадете го од рерната и превртете го врз десертната чинија.

Треба да биде во едно парче, а карамелот да се разлее во чинијата. Пред сечење и послужување добро изладете го колачот во фрижидер. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте го рецептот за КАЈМАЧИНА или МЛЕЧНИК: „Ако знаете како се вика овој десерт од 3 состојки, тогаш сте „дете на стара мајка“: Кремаст и вкусен, за кој не ви требаат заби, само лапни и голтни“ – ОВДЕ.

Ако знаете како се вика овој десерт од 3 состојки, тогаш сте „дете на стара мајка“: Кремаст и вкусен, за кој не ви требаат заби, само лапни и голтни