Home закуска Брза пита со готови кори за ненајавени гости…Многу е вкусна и сочна…

Брза пита со готови кори за ненајавени гости…Многу е вкусна и сочна…

Брза пита со готови кори за ненајавени гости…Многу е вкусна и сочна…Најчесто ја приготвувам зошто многу е бојата, вкусна и брзо и лесно се прави. Од оваа количина излегуваат 2 ролати.

Потребни состојки:

8 кори за пита
200 г крем сирење (или некое било какво кремасто сирење кое може да се мачка)
200 г кисела павлака
200 г кашкавал кој убаво се растопува
2-3 лажици газирана вода
листови шунка или друг сувомеснат производ по желба и по потреба

Постапка:

Потребни се по 4 листови кора за еден ролат, а вкупно 8 за двата. Киселата павлака измешајте ја со сирењето.

Путерот растопете го па измешајте го со газираната вода. Со оваа смеса премачкајте го едниот лист, па врз него ставете втор лист, па и него исто убаво премачкајте го.

Потоа нанесете ¼ од сирењето, наредете листови шунка, па преку шунката ставете го третиот лист кора, премачкајте го со путерот, ставете го четвртиот лист кора, премачкајте го со растопениот путер, па ¼ сирење и изрендајте ½ кашкавал.

Потоа свиткајте внимателно во ролат. На истиот начин постапете и со вториот ролат. По желба можете да ставите кулен или некој друг сувомеснат производ.

<

Ролатите ставете ги во плех обложен со хартија за печење или намастен со масло. Одозгора премачкајте ги со малку сирење и изрендајте кашкавал. Печете на 200 степени и послужете топло со чаша јогурт или салата по желба.