Брзите пити кои се матат во еден сад и се излеваат се едно од најомилените, не само поради вкусот, туку поради едноставноста и брзината со која се подготвуваат. Питата со компир може да биде посна или мрсна, па ви претставуваме двата рецепти:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

околу 1 кг компир
1 голема главица кромид
масло, сол, црн пипер, сув зеленчуков зачин
малку брашно по потреба

рецепт 1

ПОСТАПКА:

Изрендајте ги компирите и кромидот, додајте малку топла вода и брашно по потреба, да добиете смеса како за палачинки, зачинете со сол, црн пипер, вегета по вкус и сето измешајте го.

рецепт 1

Излејте во тепсија обложена со хартија за печење и намастена, одозгора испрскајте со малку масло и печете во загреана рерна на 180-200 степени додека да добие златна боја.

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5-6 големи компири
4 јајца
3-4 лажици брашно
200-300 мл млеко
малку сол
малку путер

ПОСТАПКА:

Компирот исечакјте го на ситни коцкички (може и да се изренда, но не ми се допаѓа таква) и посолете го по вкус.

Јајцата изматете ги со виљушка и сипете ги во компирите. Додајте брашно и млеко по потреба, па сето убаво измешајте го да се добие тесто како за палачинки во кое пливкаат коцкички компир. Посолете по потреба.

Тркалезна тепсија (34 см) намастете ја, па во неа излејте ја смесата. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 20 минути, па намалете на 150-160 степени и печете уште 15-20 минути.

рецепт 2

Пет минути пред крај намастете ја питата со путер или масло, особено на краевите и вратете до крај да се допече. По желба може да се премачка со кајмак или да се залие со млеко. печената пита оставете ја да се олади, па сечете ја. / Рецепт на Ози-бу / Сооlinarika.сom