Само измешајте јаболка и ореви и ќе добиете многу вкусен колач за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

4 големи јаболка (5-6 со средна големина)
сок од 1/2 лимон
1/2 чаша вода (120 мл)
1 лажичка ванилин шеќрр (или есенција)
1 чаша шеќер (180 г)
1 чаша суво грозје (150 г)
1 чаша ореви или кикирики (100 г)
1 прстофат сол
цимет во прав по вкус
3 јајца
1/2 чаша масло (120 мл)
2 чаши сенаменско брашно или мелени овесни снегулки (260 г)
1 лажица прашок за печиво (12 г)
шеќер во прав за посипување
плех 32х20х6 см

ПОСТАПКА:

Јаболката ситно исечкајте ги и залијте ги со лимонов сок за да не потемнуваат. Во подлабок сад помешајте ги јаболката, водата, шеќерот, ванилата и сувото грозје.

Потоа додајте ги оревите или кикириките, па зачинете со прстофат сол и цимет по вкус.

Оставете ја мешавината да отстои 10 минути со повремено промешување за да се растопи шеќерот. Потоа додајте го маслото и трите јајца и промешајте.

На крај постепено додајте го брашното и прашокот за печиво, па изедначете.

Калапот за печење намастете го со една лажичка путер, па излејте ја риготвената смеса и израмнете.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути или додека убаво да зарумени.

Кога ќе подизлади посипете го колачот одозгора со шеќер во прав и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.