Билкарите Сречко и Никола живеат на Стара Планина, ретка планинска убавина во Србија, а тие се едни од најпознатите билкари. Работат со 15 други колеги во Здружението за лековити билки чие седиште е во Пирот, југоисточна Србија каде собираат лековити билки и шумски плодови.

„Секогаш одиме по тројца на планина“, велат билкарите Сречко и Никола на почетокот на разговорот, и открија каков е животот на билкарите. Тие наведоа неколку билки кои ги собираат секогаш кога одат во планина и објаснија како ги користат за лекување.

Билкарот Никола е најискусен од сите и има долгогодишно искуство од 30 години. Дома има повеќе од 400 различни видови чаеви, чајни мешавини, тинктури, масла, мевлеми и шумски плодови.

Сречко станал билкар пред повеќе од 10 години кога отишол во пензија. Тие најчесто одат на Копрен на Стара Планина во Србија и пронаоѓаат билки за лечење на ракот. Во овој занает, најважно е да ги запомните билките по мирисот, без да ги погледнете и без да го допрете стеблото.

Второто правило е бербата да биде во исто време кога ги има и пчелите, значи пролет – лето на убаво сончево време и што подалеку од пат и пруги. Секој билкар мора да знае кога се бере секоја билка, кога се развива плодот и во која количина, кога се бере коренот.

Петар е дете билкарче кое неодамна научил да ја препознава камилицата, мајчината душица, маточина и ајдучка трева, а на едно предавање на училиште го повикале да одржи предавање за лековитоста на билките.

Шипката е најдобро да се бере кога ќе се добие првата боја на плодот бидејќи тогаш изобилува со најмногу витамин Ц, неспоредливо со количеството на лимон. Потребно е билката, лисјата да се исушат, да се остават да отстојат во ладна вода преку ноќ, а следниот ден да се загреат на температура од 60 степени, а потоа да се оладат, процедат и испие сокот или чајот. Оваа напивка изобилува со аскорбинска киселина, односно витамин Ц.

Никола исто така суши и тартуф печурки кои редовно ги става во чорба. На Копрен пронајдовме многу ретка билка која го доби истото име по местото каде што ја пронајдовме – копрењак, припаѓа на родот Liguisticum, од околу 60 видови цветни растенија од семејството Apiaceae. Повисока класификација е штитоцветници.

Се верува дека оваа билка лечи рак, а во комбинација со здравец има одлични резултати и уште поголеми лековити својства. За белите дробови одличен е изопот (Hyssopus Officinalis), објаснува Никола за нетолку познати лековити билки.

Во овој занает, најважно е да го запомните мирисот на билките без гледање. Медуниката  има специфичен мирис сличен на мед и помага во лекувањето на леукемија. Стар пријател на билкарот Никола имал ќерка која б оледувала од леукемија.

„Кога разговарав со еден руски билкар ми направи чај од медуника, специјално од Стара Планина, а мојот пријател по неколку месеци ми рече дека тоа ја спасило ќерка му.

Би го истакнал и бабиниот заб, жолт цвет со четири ливчиња кој ја подобрува спе-рматогенезата кај сте-рилни мажи. Се остава да отстои 48 часа во вода и потоа се пие голтка по голтка.

Оваа билка е позната по тоа што има трње и најчесто им прави проблем на велосипедистите бидејќи трњата се толку силни што ги дупнуваат гумите. Мешавина чај против вирусот коксаки правам по стар рецепт од маточина, оригано, жалфија, изоп, сапунче, рузмарин, слаткарче и мајчина душица.” – открива Никола.

Вркута е женска билка која им помага на жените да го задржат плодот, но може да ја користат и мажи кои имаат проблеми со кила (хернија). Сопругата на Никола, Христина лековитите билки кои ги собира нејзиниот маж и помогнале да се излечи од тешка болест.

,,Пред 28 години имав циста на дој-ката, но бидејќи нејќев да се опе-рирам, решив сама да се излечам. Во меѓувреме, се појави и друга цис-та на јајникот со големина од 3 цм. Зедов корен од петопрст (Potentila Anserina) кој има темно црвена боја, во облик на буквата латинично “S,” го сечкав на ситни делови, потоа го потопував во ладна вода и пиев трипати дневно 4 месеци.

По четиримесечната контрола на гине-колог, од цистата остана само мала гребнатинка. Мене ми помогна и верувам дека може да помогне и на многу други жени, да им биде од корист.” – додала Христина, која оттогаш редовно оди на берба со сопругот Никола.

За чаевите на Никола, луѓето најчесто дознаваат преку препорака од луѓе, а тој имал и свој бележник каде запишувал која билка за што им помогнала на болните. За здрав и долговечен живот, билкарот Никола советува пред да се измиете, да се истегнете како што се тегнат мачките и кучињата, а потоа да испиете една чаша вода.

Во текот на денот, пред секој оброк испијте по уште една чаша вода, 30 минути пред да јадете. Тој предлага и долго џвакање на храната, па дури и течностите кои ги пиете да ги размоткате малку низ устата пред да голтнете.

Користите свинска маст наместо зејтин, јадете го овошјето неизлупено и поретко бањајте се со хемиски шампони. „Многу луѓе ми се смеат кога ќе им кажам дека не треба секојдневно да се бањаат, но кожата е најголемиот заштитник на организмот, јас уште нарекувам најголемиот имун систем.“

Во последните години, Никола и Сречко и останатите колеги најмногу береле брусница бидејќи велат дека е најлековитата билка на Стара Планина. Тука спаѓаат и шипката, дива круша, диво јаболко, како и оскоруша (Sorbus Domestica) кое наведува Никола, не смее да се јаде додека плодот ќе нагние.

Ако го загризате плодот, а немате вода крај себе големи се шансите да се за-давите. Треба долго да се џвака и да се биде многу внимателен.